Субвенции

Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на домовите кои не се приклучени на централно греење, пред се заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.

Како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух од домаќинствата, Градот Скопје во 2016 година за прв пат во Република Македонија започна со субвенционирање на граѓаните на градот Скопје за набавка на печки на пелети.

Емисиите на ПМ10 и ПМ2,5 во секое домаќинство кое добило субвенција се намалуваат за

Повици за субвенции на печки за пелети

Заради позитивните ефекти во намалувањето на емисиите кои потекнуваат од загревањето на домаќинствата и големиот интерес кај граѓаните, оваа мерка би требало да продолжи и во наредните години.

Пелети 2018

Вториот повик за субвенционирање на граѓаните за печки за пелети за 2018 година заврши заклучно со 06 ноември 2018г.

Повеќе

Документи

Превземете ги потребните документ за субвенции за пелети за 2018 година.
Нема тековен повик.

Повеќе

Досегашни резултати

  • Поднесени барања за пелети
  • Одбиени заради не исполнување услови
  • Доделени субвенции за пелети

Од 2016г. доделени се 812 субвенции на граѓаните во Скопје за печки на пелети, 16% од нив се жени. Во последните 2 години, градската администрација обезбеди вкупно 24.354.433,00 МКД.

Мапа на доделени субвенции на печки за пелети

Останати повици за субвенции

Купување на електрични тротинети

Јавниот повик ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик (29.10.2018 година, понеделник), а заклучно со 10.12.2018 година.

Повеќе