Климатските промени се еден од најсериозните проблеми со кои се соочува нашата планета – согласни се научниците, бизнис-лидерите и владите. Потребна е итна акција! Во последно време улогата на носители на климатската акција, било онаа што ќе ги намалува причините за климатски промени или, пак, онаа што ја зголемува отпорнпста на климатските промени, сè повеќе се придвижува кон градовите. Притоа, треба да се нагласи дека индивидуалниот придонес на секој град е ограничен и за да се постигне прогрес, потребно е дејствување на сите градови, држави и нации.
Во ерата на светската глобализација и урбанизација, а воедно и во период на транзиција и реформи во сите сфери во Република Македонија, соочени сме со многу социјални, економски и еколошки предизвици, кои се сублимат на трите главни столба на одржливиот развој. Одржливиот развој лесно може да се опише како нераскинлив спој на три важни сегменти кои се испреплетуваат и надополнуваат: еколошкиот, економскиот и социјалниот.