Законот за животна средина го регулира системот на издавање дозволи за работа на инсталациите кои влијаат врз животната средина, наречени Дозволи за интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ).

ИСКЗ системот (или IPPC на англиски јазик) е процедура промовирана од страна на Европската Унија која се применува на сите индустриски капацитети за отстранување, или ако тоа не е можно, за намалување на нивното влијание врз животната средина.

Овие дозволи го согледуваат влијанието на инсталациите на интегрален начин, односно ги земаат истовремено предвид влијанијата на воздухот, водата, почвата, создавањето птпад, бушавата, енергетската ефикасност, превенцијата од технолошки катастрофи, употребата на суровини, како и Правни и физички лица кои планираат да вршат дејност или активност што не спаѓа во проектите за кои, согласно Законот за животната средина, се спроведува постапката за оцена на влијанието врз животната средина, се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина, пред да започнат со спроведувањето на проектот.

Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите на животната средина: воздух, вода и почва и истите да се систематизираат преку изработка на Интегриран катастар на животната средина кој претставува основа за следење на индикаторите за квалитетот на воздухот, водите и почвата. Исто така Катастарот на животната средина претставува референтна точка при спроведувањето на анализа на ефектите од превземените мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Eлаборати за заштита на животната средина

Графици

Со Интегрираниот катастар на животната средина опфатени се 984 деловни субјекти на територијата на Град Скопје.

Приказ на уделите на изворите на емисија во вкупното количество на емитирани загадувачки супстанции во воздухот.

Процентуално учество на емисии на CO2 [%] по сектори

Процентуално учество на емисии на NMVOC [%] по сектори

Процентуално учество на емисии на SOx [%] по сектори

Процентуално учество на емисии на CO [%] по сектори

Процентуално учество на емисии на NOx [%] по сектори

Процентуално учество на емисии на TSP [%] по сектори