Зголемување на јавната свест за животната средина

Подигањето на еколошката свест опфаќа трансферирање на техничкиот јазик на природните науки во термини и идеи што може да ги разбере секој граѓанин. Со тоа што тие стануваат лесно разбирливи, истовремено стануваат приемчиви и прифатливи, со што се постигнува крајната цел. Инаку, тој процес секогаш е поуспешен кога на јавноста и се пристапува на интересен и забавен начин. Невладините организации можат да играат клучна улога во подигање на еколошката свест.

Градот Скопје, свесен за потребата од подигање на јавната еколошка свест и придобивките од тоа, секоја година реализира одбележување на денови од Еколошкиот календар во соработка со невладиниот сектор.

Еко календар

Активности

Еко конкурс на Град Скопје

Европската недела на мобилност

Посебно место во активностите за подигање на јавната свест има организирањето на Европската недела на мобилност (European Mobility Week), секоја година во периодот од 16 – 22 септември, кога градовите од Европа и пошироко организираат различни активности за подигање на јавната свест за потребата од движење и користење на алтернативни начини на превоз, но многу важна компонента на севкупниот настан е локалната самоуправа да презентира конкретни активности што ги презема или воведува во насока на целта на ЕНМ. Секоја година учество земаат околу 2.500 градови. Градот Скопје во 2011 и 2014 година влезе во првите 10, а во 2016 во првите три градови.

Имате идеја како да се одбележи конкретен ден од Еколошкиот календар?