Отпорно Скопје – Стратегија за климатски промени

pasted image 0 (1)
Градовите се ранливи поради големата концентрација на население и изградени објекти на помал простор. Но, градовите се и многу зависни од својата инфраструктура: транспортниот систем, комуникациските системи, дистрибуцијата на вода и енергија, системите за одведување на отпадните води и собирањето на отпадот. Концентрацијата на луѓе и добра во градовите и нивната зависност од овие инфраструктурни системи, ги прават градовите ранливи на климатските промени.

Скопскиот Регион е екстремно комплексен и осетлив на климатски промени. Но додека бројот на забележани случаи на ладни бранови во текот на годините се намалува, бројот на забележани случаи на топлотни бранови за истиот се зголемува скоро трикратно.

СКОПЈЕ ИМА МИКРО КЛИМА, ИЗГОР ЛЕТО, КОЧАН ЗИМА.

предизвик

Во градот Скопје живее 1/3 од населението во Република Македонија, а напливот на население од регионот и пошироко создава многу големи дневни миграции. Ова предизвикува проблеми во опстојувањето на градот како систем, новите потреби на населението тешко се задоволуваат, а функционирањето е отежнато. Градот во своите ресурси е ограничен и вложува големи усилби за справување со многубројните проблеми, што го потврди пресметаниот јаглероден отпечаток, кој е крајно неповолен. Но токму фактот дека градот е дом за голем процент на населението дава обврска и создава сила и инспирација за изнаоѓање начини за подобрување на состојбите. Дополнително, воведувањето на поимот отпорност за прв пат, овозможи Скопје да се развива економски со минимално влијание на животната

Длабоко свесни за можните сценарија што би биле реалност за градот Скопје, со задоволство ја прифативме соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на овој проект, во чии рамки се подготвени сите анализи, препораки и акции содржани на страниците на Отпорно Скопје.

активности

  • Зајакнување на капацитетите на градот Скопје за развој и спроведување на интегрирани програми за намалување на ризиците од катастрофи и климатски ризици (поплави, топлотни бранови, урбани топлотни острови, вода за пиење, здравство и сл.).
  • Концепт на Smart City решение за брзата урбанизација и предизвици кои ги носат климатските промени.
  • Подобрена достапност на информации и зголемена јавна свест за ризиците од катастрофи и климатски промени во урбаните области преку имплементација на иновативни методологии и ИКТ решенија.
  • ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ИДНИНАТА – Идентификување на најранливите сектори на климатски промени во Скопје на „поинаков“ начин
  • Социо-економска ранливост и климатски ризици – оцена за општините на Град Скопје
  • Воспоставување Зелен катастар на градските јавни зелени површини во рамките на територијата на Генералниот урбанистички план

резултати

ОТПОРНО СКОПЈЕ – Стратегија за климатски промени

Климатските промени имаат многу лица, поврзани се со многу области. Не секогаш акциите во одредена област се препознаени како акции со кои се намалуваат ефектите на климатските промени. Потребно е да се идентификуваат, да се препознаат, и да се направи уште еден чекор, да се намалат. Затоа, оваа Стратегија не само што на едно место ги собира сите релевантни акции кои Градот ги превзема со цел да биде поотпорен на климатските промени, туку направи и детални дополнителни анализи како може да се развива во иднина а да придонесува повеќе во глобалните напори да се намалат климатските промени. Секоја страница на оваа публикација содржи не само конкретни анализи и резултати, туку дава и конкретни препораки како сите ние (град, општини, институции, невладини организации, граѓани) можеме да го дадеме својот допринос. Најдете ја вашата акција и спроведете ја. Само заедно може да направиме град со здрава животна средина, здравје и благосостојба за жителите на градот.

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?