СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

Во обид да се намалат штетните чадови, Град Скопје нуди субвенции за купување на нов инвертер за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).

Максималниот износ на субвенцијата изнесува 62.000 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/inverteri доколку апликантот претходно не добил субвенции за затоплување (со печки на пелети или инвертери).

Она што ви е потребно од документи е:

  • Важечка лична карта
  • Фотографии од печката која се користи
  • Нотарски заверена изјава дека доброволно ја предава печката која ја користи
  • Потврда за ефикасноста на инвертер клима уредот
  • Трансакциска сметка
  • Фискална сметка или потврда за купувањето
  • За одделни домаќинства на иста адреса потребни се сметки од различни броила за електрична енергија
  • За домаќинства кои се во реони на централно градско греење потребна е потврда дека не се приклучени и немаат техничка можност за приклучок

*документите треба да бидат скенирани

 

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6734/javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klima-uredi-2021.pdf

Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6738/javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klima-uredi-2021-alb.pdf