Здравје и животна средина

„И покрај недоволниот број докази – податоци на национално ниво, нема сомнение дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми во управувањето со состојбите и со ризиците во животната средина. Повеќе еко-медиуми и процеси имаат загрижувачки лош квалитет. Амбиентниот воздух, пред сè во урбаните и индустриски области, континуирано во текот на речиси цела година е со исклучително лош квалитет и на повеќе места ја надминува дпзволената граница за повеќе пати, што сериозно го загрозува здравјето на населението. Според проценките на Светската здравствена организација, еколошкиот товар на болести во Република Македонија изнесува 3.370 смртни случаи коишто се припишуваат на ризиците од животната средина, односно 166 на 100.000 жители.

Во урбаните населби дополнителен проблем е бучавата. Регистрирани се докази дека овие два ризика имаат штетни ефекти врз здравјето, пред сè на децата. Покрај неконтролираната урбанизација и моторизација, како и демографската миграција, нагласен е и проблемот со отстранувањето и пречистувањето на цврстиот и течен отпад штп директно влијае на сериозна деградација на животната средина, но и индиректно го загрозува здравјето на населението. Овие состојби и неизбежната експанзија на консумеризмот ја доведоа во опасност не само безбедноста и квалитетот на водата за пиење, туку и безбедноста на храната. Повеќето регистрирани индустриски жешки точки во државата кои се провлекуваат повеќе децении (3), како и растечките ефекти од климатските промени (4) ја комплетираат сликата за исклучително сериозното ниво на загрозување на сите медиуми на животната средина, а со тоа и неопходноста од итна стратешка, интерсекторска интервенција на сите нивоа во државата. Згора на сè, несомнена е и потребата за унапредување на животните стилови и навики на населението во испреплетените сегменти на оваа област што бара системски и силни образовни и промотивни активности и размена на информации, но и неизбежно вклучување на граданското општество во овој процес. Справувањето со овие ризици досега најќесто се одвиваше со фрагментарен едносекторски пристап што донесе недоволни подобрувања. Од друга страна здравствените, еколошките, но и економските последици од таквите состојби, иако видливи, а донекаде и докажани, сè уште не се доволно присутни во политиките за управување со состојбите во животната средина.“ (Проф.Д-р. Драган Дордев, ЈЗУ ИЈЗ).

Проекти