Прашалник за здрава населба

Прашалникот за здрава населба е алатка која им овозможува на заедниците, јавниот сектор, волонтерските групи и непрофитни организации, приватниот сектор и другите да ги најдат оние аспекти на градот кои треба да бидат таргетирани за да се подобри здравјето на луѓето, благосостојбата и квалитетот на животот.

Можете да го погледнете ова кратко видео за тоа како алатката може да Ви помогне да го подобрите квалитетот на Вашиот град.

 

Прашалникот за здрава населба дава едноставна рамка за структурирање на разговорите во врска со дадената населба. Форматот на алатката (во форма на прашалник), Ви овозможува да размислите и да ги оцените:

  • физичките елементи на просторот – зградите, улиците, јавните, отворени простори и природните простори кои ја сочинуваат населбата, и
  • социјалните елементи – врските, социјалниниот контакт и мрежите за поддршка кои ја сочинуваат заедницата.

Прашалникот за здрава населба може да се искористи и да даде придонес во сите нови и постоечки заедници, а исто така може да помогне и во справувањето со здравствените нееднаквости

Со големо задоволство и нескриен ентизијазам, Градот Скопје  даде согласност и подршка во тестирањето на алатката на своето подрачје, очекувајќи ги со нетрпение резултатите и мислењата, а пред се предлозите на граѓаните за подобрување на условите за живот во градот.

Пристап до прашалникот: кликни овде – https://skrati.mk/zdravanaselba

Како функционира алатката?

Алатката поставува 14 прашања за физичките и социјалните елементи на една населба. Прашањата се однесуваат на теми кои       се гледаат околу надворешниот раб на дијаграмот подолу. Учесниците одговараат со рангирање на оценката на скала од 1 до 7, каде 1 значи дека има многу простор за подобрување (најмалку сте задоволни), а 7 значи дека има многу малку простор за подобрување (во целост сте задоволни).

Резултатите од вашите одговори автоматски ќе се вцртаат во дијаграм и истите по завршувањето на истражувањето ќе бидат презентирани и објавени од Институтот за јавно здравје.

Алатката е дизајнирана заеднички од NHS Health Scotland, шкотската влада и Архитектура и дизајн на Шкотска и е поставена во согласнот со авторите.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за алатката можете да не контактирате  на следните емаил адреси:

  •  Проф. д-р Драган Ѓорѓев (dgjorgjev@gmail.com) и
  • Науч. Сораб. д-р Мирјана Димовска (m.dimovska2016@gmail.com)

Ви благодариме на соработката!

Институт за јавно здравје



Напишете коментар