Анкета за нов Локален акционен план за заштита на животната средина.

Градот Скопје изработува нов Локален акционен план за заштита на животната средина. Ова е веќе трет таков документ, кој претставува најсеопфатен приод кон состојбите и проблемите на животната средина во градот, како и кон насоките, мерките и активностите за нивно подобрување.

Крајна цел на овој документ е постигнување на повисоко ниво на квалитет на животната средина и подобрување на квалитетот на живеење, благосостојбата и здравјето на граѓаните, преку интегрирање на политиката за заштита на животната средина во останатите секторски политики, промовирање на еколошки одржлив пристап во планирањето и делувањето во сите сфери на функционирањето на градот Скопје и иницирање на поголема одговорност во заштитата на животната средина и вклучување на целата заедница во стремежот кон одржлив развој и здрава животна средина.

Јавното мислење е еден од основните показатели во процесот на дефинирање на проблемите и приоритетите во животната средина. За таа цел е изготвен анкетен прашалник, наменет за граѓаните на Град Скопје, заради добивање на потребните податоци, односно лични видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за тоа и кои се нивните приоритети за понатамошните активности на Градот Скопје.

Ги повикуваме граѓаните да ја погледнат анкетата и ги молиме да одвојат време за да одговорат на поставените прашања, затоа што секоја информација и секој човек е важен за Градот Скопје. Со тоа граѓаните ќе дадат свој придонес кон изготвување на овој заеднички документ, во кој ќе се предвидат активностите на Градот Скопје во областа на животнта средина во наредните шест години.

Анкетата можете да ја погледнете на следниов линк: https://forms.gle/NFWWFcZHi2AuiYiy8, или пополнете преку формата подолу.