Започна процесот на мапирање на урбаните топлотни острови во Скопје

Градот Скопје, како и други урбани средини има ефекти на затоплување заради густата урбана средина, бетон, асфалт и потрошувачи на енергијата кои се воедно и генератори на топлина. Температурите во градот се поголеми отколу во средини надвор од градот. За повисоки температури придонесува и збиената структура на објектите, која оневозможува проток на воздушната маса, како и асфалтот, издувните гасови од возила и индустријата, темни фасади.

За потребите на анализата на влијанието на урбаните елементи врз климата и температурата на околината, Град Скопје заедно со УНДП во рамки на проектот „ИКТ за урбана отпорност“ започна со процесот на мапирање на урбаните топлотни острови.

Денес, 24ти Август 2018, од спортскиот Аеродром Стенковец започна снимањето со термална камера со рута во должина од 375км која се изведува со воздухоплов тип Cessna 172.

 

Неколку причини заради кои се јавуваат урбани топлотни острови се:

  • Темни површини од патиштата и зградите. Бетонот и асфалтот имаат различни термални својства од вонградските површини.
  • Недостиг на евапотранспирација, т.е испарувања преку вегетација во урбаните места. Со намалена количина на вегетација, градовите немаат сенки и немаат разладувачки ефект преку дрвјата како и непостоење на можност за отстранување на јаглерод диоксид.
  • Геометриски ефекти. Високите згради имаат повеќе површини за рефлексија и абсорпција на сончевите зраци, со што се зголемува затоплувањето на урбаните простори. Ова се нарекува урбан кањон ефект.
  • Зградите го блокираат ветерот, со што се намалува разладувањето и се спречува разредувањето на загаденоста.
  • Нефункционалната топлината од автомобилите, клима уредите и индустријата, исто така придонесува за зголемување на урбани топлотни острови.
  • Високо ниво на загадување во урбаните простори исто така го зголемува ефектот на UHI.
  • Температурата се зголемува и со концентрација на озон, кој е во улога на стакленички гас.

Ваквите урбани топлотни острови директно или индиректно влијание врз:

Влијание врз животинскиот свет

  • Инсектите имаат зголемена толеранција за топлина.
  • Рибнот свет во потоците и реките претпува стрес од затоплени води.
  • Измена на процесот на природната селекција.

Секундарни ефекти врз локална метеорологија

  • Измена на локални ветрови, развој на облаци и магла, зголемување на фреквенција на дождови.

Здравствени ефекти

  • Урбани топлотни острови имаат потенцијал за директно влијание врз здравјето и добросостојбата на граѓаните. Постои зголемена смртност заради прекумерна жештина. Се зголемува траењето на топлотните бранови во градовите.

Зголемена употреба на енергија

  • Се зголемува енергија за климатизација и фрижидери. Можно е да се направат пресметки за заштеда на средства за имплементрација на редукција на урбани топлотни острови.