Трета работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 17ти ноември, пeток од 13:30 до 17:30 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи третата од серијата пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваа трета работилница фокусот ќе биде даден на генерирање на идеи за адресирање на причините на проблемите кои беа идентификувани на претходните работилници.

И во третата работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се: 

  • Генерирање на голем број на идеи
  • Приоретизација на идеите
  • Иницијален развој на приоритизираните идеи во потенцијални решенија

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 16ти ноември на  skopjelab@skopje.gov.mk.

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.