СкопјеЛаб со нов предизвик за Редизајн на јавни зелени површини

Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во месец Јули работи на иницијатива за дизајнирање на зелени јавни површини/паркови, кои потоа Град Скопје ќе ги ревитализира (озелени и оплемени со урбана опрема) и ќе се обиде да ги „оживее“ приказните од минатото за тие локации, доколку има такви.

Ова иницијатива дојде на предлог од наш граѓанин кој имаше мапирано  20тина локации во градот на кои му треба ревитализација. Во оваа фаза ќе опфатиме 12 локации по што ќе се помине на следна фаза односно дизајнирање и уредување на останатите. Доколку иницијативата покаже успех континуирано ќе се работи на мапирање и дизајнирање на нови јавни површини во Скопје кои може да се уредат согласно потребите на граѓаните.

Со цел уредување и озеленување на овие површини согласно ваши потреби би сакале да ги слушнеме вашите идеи но и приказните кои ги знаете за една или повеќе од нив.

Доколку сакате да помогнете во оваа иницијатива Ве молиме одговорете го следниот прашалник каде може да го дадете вашиот предлог за еднa или две од предложените локации – Линк до прашалник.

Сите локации се претставени на апликацијата StoryMap каде може да ги погледнете, да се инспирирате или да ги посетите ако живеете во нивна близина и потоа да помогнете со ваша идеја за просторот.

Линкот до локациите може да го најдете овде – https://arcg.is/1SznDr, но исто и во самиот прашалник.

Доколку имате идеи и предлози за повеќе од две локации ве молиме директно доставете ги вашите предлози на skopjelab@skopje.gov.mk. Вашиот предлог може да е во вид на слика, цртеж, дизајн, или едноставно предлог идеја за што се е потребно за просторот да се оживее и ги задоволи потребите на граѓаните.

Предвидени локации во оваа фаза:

  • Зелен простор позади Три Бисери кај Авицена лабораторија.
  • Зелениот простор спроти Рамстор на бул. Јане Сандански
  • Зелен простор до Палма Аеродром
  • Зелен простор спроти Сити Мол – кај што минува последна 19ка
  • Зелен простор до Пожарна кај Веро
  • Зелен простор позади поликлиника Идадија
  • Зелен простор кај Фурна 1 што води накај Мин. За Економија
  • Зелен простор кај Мартиновски пред мостот кај Кале
  • Зелен простор до мост Мајка Тереза што води накај Холидеј ИН
  • Зелен простор до ЦРМ накај мост Мајка Тереза
  • Зелен простор спроти СП Планет пред КАМ маркет
  • Зелениот простор спроти ЗОО “Скопје”

Се надеваме на вашата помош заеднички да го разубавиме нашиот град!