Климатски промени

Јаглероден отпечаток

Документот што можете да го најдете подолу, „Стратегија за климатски промени – Отпорно Скопје“, или накратко Стратегија за отпорно Скопје, е одговор на предизвикот за здружена акција, кој поаѓајќи од (1) надлежностите на Градот Скопје и општините што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје, (2) оцената на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови, (3) оцената на ранливоста на различни сектори, но исто така и следејќи соодветни добри примери и практики, го трасира патот со мерки и акции во следните десетина години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени.

Отпорно Скопје - Стратегија за климатски промени

предизвик

Климатските промени се еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваме. Климатските промени имаат многу лица, поврзани се со многу области. Но не секогаш акциите во одредена област се препознаени како акции со кои се намалуваат ефектите на климатските промени. Потребно е да се препознаат ваквите акции и да се направи уште еден чекор, да се пресметааат емисиите на стакленички гасови кои се намалени со имплементација на истите. Потребна е итна здружена акција!

решение

Отпорно Скопје – Стратегија за климатски промени” е одговор на предизвикот за здружена акција, кој поаѓајќи од (1) надлежностите на Градот Скопје и општините што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје, (2) оцената на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови, (3) оцената на ранливоста на различни сектори, но исто така и следејќи соодветни добри примери и практики, го трасира патот со мерки и акции во следните десетина години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени.

Отпорно Скопје” не само што на едно место ги собира сите релевантни акции кои Градот ги превзема со цел да биде поотпорен на климатските промени, туку со користење на иновативни алатки направи и детални дополнителни анализи како може да се развива во иднина а да придонесува повеќе во глобалните напори да се намалат климатските промени.

Во своите напори за поттикнување активно учество на сите засегнати страни во процесот на подготовка на оваа Стратегија се користеше современа иновативна алатка Foresight eXplorer за „предвидување“ на иднината.   Оваа алатка (адаптирана со поддршка на УНДП) овозможи генерирање нови перцепции на широк спектар чинители на територијата на Град Скопје, од општинската администрација до граѓанскиот сектор и ученици од сите градски средни училишта, во идентификација на најранливите сектори кон климатските промени и како последица на тоа, во одредување на приоритетите и идентификација на можните мерки за адаптација и зголемување на урбаната отпорност. Таквата демократизација и децентрализација на напорите на планирање осигура дека Отпорно Скопје, покрај стручни анализи, исто така ќе ги одрази перцепциите на самите жители на градот во врска со климатските промени.

Урбана отпорност е капацитет на лицата, заедниците, институциите, бизнисите и ситемите во градот да преживеат, да се адаптираат и да продолжат да растат при сите хронични стресови и акутни шокови.

Паметен град подразбира инвестиции во човечки и општествен капитал и транспортни и информатички и комуникациски инфраструктури, кои водат до одржлив економски развој и висок квалитет на живот. Притоа клучна улога има мудрото управување со природните ресурси преку заложба и делување на сите чинители.

резултати

Секоја страница на Отпорно Скопје содржи не само конкретни анализи и резултати, туку дава и конкретни препораки како сите ние (град, општини, институции, невладини организации, граѓани) можеме да го дадеме својот допринос.

Најдете ја вашата акција и спроведете ја. Само заедно може да направиме град со здрава животна средина, здравје и благосостојба за жителите на градот. Да „Водиме со пример“!

Нема паметни градови без мудри луѓе

Резултатите од примената на алатката Foresight Xchange на околу 300 граѓани на Скопје, идентификуваа три сектори што во моментов се најранливи на климатските промени и за кои во рамките на оваа Стратегија се направи детална анализа на ранливост на климатски промени и ризици од кризи:

  •        водни ресурси,
  •        здравство и
  •        намалување ризици од кризи.

Други сектори што треба детално да се анализираат во блиска иднина, со цел да се одреди нивната ранливост на климатски промени и да се предложат соодветни мерки за адаптација, се отпад и транспорт.

Можни поплави во регионот на Скопје, екстремни сценација и мерки за заштита и зголемување на отпорноста на Градот во:

  1.   Урбаната зона на градот Скопје
  2. Руралната зона на Скопје
  3. По должината на реката Лепенец
  4. Порои во Скопје Водно и Скопска Црна Гора
  5. Горен Вардар/Рашче

Tрасирање на патот со „Како понатаму“ препораки за подобрување на квалитетот на анализите и имплементациските аспекти на секој од секторите по поедините тематски области – квалитетот на инвентарот на стакленички гасови и имплементациските аспекти на ублажувањето и адаптацијата на климатските промени.

Акциски план со конкретни институционални, законски, технички и меки мерки, поделени во три групи: општи мерки, мерки за ублажување на климатските промени (со назнака на оценетите намалувања на емисиите на стакленички гасови) дадени за клучните сектори за ублажување и мерки за адаптација кон климатските промени дадени за сите ранливи сектори.

Многу е битно да се направи вистинскиот избор. Секоја година температурите стануваат се повисоки, а екстремните природни непогоди се се позачестени, јасно е дека итно треба да се засилат напорите за справување со климатските промени и подготовка за нивните последици. Скопје презема водечка улога на ова поле и ние го охрабруваме и градот и граѓаните да ги спроведат мерките коишто се предложени во новата стратегија. – Луиза Винтон, Постојан претставник на УНДП.

Инвентар на стакленички гасови

Удел во вкупните емисии на стакленички гасови

Проценетите емисии на стакленички гасови во рамките на овој Инвентар покажуваат дека вкупните емисии на Град Скопје се намалени за 21,6% во периодот 2008 – 2015 година, односно од 5660 kt CO2-eq во 2008 година на 4438 kt CO2-eq во 2015 година.

2008

2015

Обновливи извори на енергија

Мезометеоролошки мерења