Одржлив развој

Одржливиот развој е цел на голем број земји во развој. Интернационалниот консензус како штп се Агенда 21, продукт на Самитот на Планетата Земја во Рио де Жанеиро 1992 година и Милениумските развојни цели, поставени преку платформа на ОН, обезбедија основа за одговор на проблемот со одржливоста на нашиот начин на живот.

Република Македонија ги прифати тие цели како залог за одржлив развој и обезбедување на иднината на новите поколенија.

Миграција во Скопскиот регион.

Јаглероден отпечатокМоментално емисиите на јаглерод диоксидот имаат најголемото влијание врз биосферата и се најголема компонента од еколошкиот отпечаток на Скопје и регионот.

Емисиите на јаглерод диоксид се предизвикани главно од фосилните горива кои се користат за транспортот, енергенсите кои се користат во
домаќинствата, отпадот што тие домаќинства го создаваат, како и користењето на свежа вода за пиење.

Вкупното количество на јаглерод диоксид што се создава од домаќинствата, транспортот, отпадот и свежата вода за пиење во градот Скопје изнесува 2 286 840 тони СО2, а тоа допринесува за 3,4 gha од еколошкиот отпечаток на градот Скопје.