- октомври 9, 2020
- Објавено од: Град Скопје
- Категорија: Новости
Град Скопје ја известува заинтересираната јавност дека е изработен Нацрт – Локален Еколошки Акционен План ЛЕАП 3 на Град Скопје за период 2020 – 2026г. и Нацрт Извештај за Стратегиска Оценка на животната средина – СОЖС за ЛЕАП 3 на Град Скопје за период 2020 – 2026г. Согласно постоечката законска регулатива (чл.69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 и 113/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службенвесникна РМ бр. 147/08), ЛЕАПот и СОЖС се достапни за јавен увид на веб страницата на Град Скопје.
Имајќи ја предвид настанатата ситуација со вирусот Ковид 19, а во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за забрана за масовни собирања, не постојат услови за организирање на јавна расправа, односно јавна расправа нема да се одржи. За да се обезбеди учество на јавноста, ги молиме сите заинтересирани страни, доколку имаат забелешки, предлози и мислења во врска со нацрт Извештајот, да ги достават до Град Скопје во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација, односно во период од 06.10.2020 до 06.11.2020год. Истите можете да ги испраќате на е-маил: Kristina.Spasikj@skopje.gov.mk или по пошта на следната адреса: Град Скопје, Сектор за заштита на животната средина, бул.Илинден бр.82, 1000 Скопје.
Одлука за спроведување на стратегиска оценка
Објава за достапност на Нацрт ЛЕАП 3 на Град Скопје и Нацрт извештај СОЖС за планскиот документ
1 Коментар
Comments are closed.
Здраво,
Сакам да го изразам моето незадоволство од сосотојбата на корпите за отпадоци поставени од Град Скопје заради кои се загадува животната средина.
Корпите се оштетени и кај повекето недостасува делот – корпа. Проблемот е што постојат како рамки и навидум има каде да се фрли џебното ѓубре, но наместо тоа наидуваме на рамка без корпа и купишта ѓубре.
Пријавено е во секторот за комунални работи во Град Скопје, но на терен нема санација ниту замена со нови корпи, само изговори дека нема на лагер корпи.
Моето прашање е како може Град Скопје да си дозволи да нема нови корпи на лагер ниту пак има резервни делови за постоечките корпи.
Дали има одговорни лица/сектор кој води евиденција за состојбата и потребата со замена на старта и оштетена урбана опрема со нова, се со цел навремена набавка и континуирано одружување на постоечката?
Со почит
Соња