- јануари 20, 2021
- Објавено од: Град Скопје
- Категорија: Новости
Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел.
За таа цел МЖСПП достави иницијатива и Владата на Република Северна Македонија на 17 ноември 2020 година ја разгледа и усвои Информацијата, и донесе Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, со која го задолжи МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување.
Цел: Со прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија заштитен предел ќе се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје, како и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата. Воедно ќе се зголеми површината на заштитени подрачја на национално ниво и со тоа ќе се постигне прогрес во однос на исполнување на обврските од Просторниот План на државата (2004), Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD), целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, меѓународните конвеции, кои се ратификувани од нашата држава (CBD, Bern, CITES, Bonn, Ramsar).
Временска рамка за изготвување на актот:‐
- Ноември 2020 година – Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (бр. 44-4543/1 од 17 ноември 2020 година); ‐
- Декември 2020 – подготовка на Нацрт Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитен предел;
- Јануари 2021 година – Објава на прва Нацрт верзија на одлуката и консултација со засегнатите страни и јавноста; ‐
- Февруари 2021 година– организирање на состаноци, јавна расправа, разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и работните групи и внесување на доставените забелешки;
- Март 2021 година – Објава на втора нацрт верзија на текстот и доставува до Владата на Република Северна Македонија на меѓуресорска консултација и усвојување.
Засегнати страни:
1. Органи на државна управа : ‐ Министерство за економија; ‐ Министерство за финансии; ‐ Министерство за информатичко општество и администрација; ‐ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; ‐ Министерство за транспорт и врски; ‐ Министерство за култура; Управа за заштита на културно наследство; ‐ Министерство за одбрана; ‐ Министерство за локална самоуправа; ‐ Секретаријат за законодавство; ‐ Секретаријат за европски прашања; ‐ Агенција за планирање на просторот; ‐ НУ Конзерваторски центар – Скопје; ‐ Управа за хидрометеоролошки работи; ‐ Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија; ‐ Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија. 2. Единици на локална самоуправа ‐ ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа) ‐ Град Скопје, ‐ Општина Карпош ‐ Општина Сарај, ‐ Општина Центар, ‐ Општина Кисела Вода, ‐ Општина Сопиште, ‐ Центар за развој на Скопски плански регион. 3. Јавни претпријатија и установи: ‐ ЈП Национални Шуми, ‐ ЈП Паркови и зеленило, Скопје ‐ Национални енергетски ресурси (НЕР) Скопје, ‐ Агенција за електронски комуникации (АЕК) ,‐ ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопј,е ‐ АД МЕПСО – Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, ‐ Федерација на планинарски спортови на Македонија, ‐ МАНУ, Природно-математишки факултет, ‐ Институт за биологија ‐ Институт за географија ‐ Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Скопје ‐ Факултет за земјоделски науки и храна ‐ Природонаучен музеј на Македонија, ‐ Градежен факултет, Скопје, ‐ Универзитет Мајка Тереза, Скопје. 4. Стопански Комори 5. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
Начин на вклучување на засегната јавност:
- Објава на предлог актот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР,
- Jавна расправа за предлог актот помеѓу 1 и 5 февруари 2021 (со дополнителна најава и покана во јавните гласила и на веб-страницата на МЖСПП).
- Барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа и бизнис заедница.
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:
- www.ener.gov.mk
- www.moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите: infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
- Влатко Трпески, раководител на Сектор за природа E-mail: v.trpeski@moepp.gov.mk
- Весна Индова, раководител на Сектор за ЕУ E-mail: v.indova@moepp.gov.mk
Документи: