Европска недела на мобилност 2018 – Комбинирај и движи се

Сакаме различна храна, мода, музика – па зошто кога станува збор за транспорт толку многу се држиме до еден модус?

Оваа година EUROPEANMOBILITYWEEK нè поттикнува да истражиме различни опции за движење од место А до место Б, и да размислиме за начинот кој најмногу одговара на нашето конкретно патување. Затоа се фокусираме на “мултимодалност” – комбинирање на транспортни режими во исто патување или за различни патувања.

Оваа година, зошто да не ги испробате различните начини на транспорт: одете со велосипед до салата за вежбање и порано започнете со согорување на калории, земете го Вашиот велосипед во автобус да ги избегнете сообраќајните гужви, избегнете плаќање на паркинг кога одите во шопинг – одете со автобус и потоа да прошетајте до продавниците!

Превземено од: Европска недела на мобилност/Министерство за животна средина и просторно планирање

Со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот.

Каде ќе се приклучите и ќе го дадете својот придонес?