Четврта работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 27ми ноември, понеделник од 12:30 до 16:30 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи четвртата од серијата пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот.

Целта на оваа работилница е предложените идеи од претходната работилница да се развијат во вид на прототип решенија кои ќе допринесат кон намалување на отпадот од домаќинствата, негово подобро одложување и собирање.

На ова работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од четвртата работилница се:

• Развивање на прототип решенија и тоа
o Дефинирање на составни елементи на решението
o Поставување на временската рамка
o Идентификување на сите активности и чекори потребни за спроведувањето на
прототипот
o Дефинирање на потребниот буџет

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 24ти ноември на  skopjelab@skopje.gov.mk. Со задоволство ве очекуваме да продолжиме да работиме заедно!

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.