Вовед
Главна цел на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје е постигнување на повисок степен на разрешување на состојбите во сферата на животната средина и заштита и зачувување на квалитетот на сите медиуми на животната средина, во рамките на законските надлежности, а со тоа и заштита на здравјето и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Мерките и активностите за заштита и унапредување на животната средина се од јавен интерес, заради што Градот Скопје е должен да планира соодветни активности и од својот буџет да обезбеди финансиски средства за таа цел.
Програма ги утврдува мерките за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје, преку конкретни активности во рамките на сите медиуми (воздухот, водата и почвата) и области на животната средина (отпадот, бучавата, нејонизирачкото зрачење, природата, биодиверзитетот, климата) и сите елементи кои претставуваат неделива целина од животната средина.