СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Автомобилскиот сообраќај е една од неколкуте причини за загаденоста на воздухот во Скопје. Велосипедите се алтернативна и здрава солуција која не само што придонесува за растеретување на метежот по улиците, туку и за зголемување на личното здравје.

Од тие причини, и оваа година Град Скопје нуди субвенции за нови велосипеди за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).

Максималниот износ на субвенцијата изнесува 50% од износот на велосипедот или 3000 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/velosipedi под услов апликантот претходно да нема добиено ваква субвенција.

Она што ви е потребно од документи е:

  • Важечка лична карта
  • Трансакциска сметка
  • Фискална сметка

*документите треба да бидат скенирани

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6716/subvencii-velosipedi-2021.pdf

Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6718/subvencii-velosipedi-2021-alb.pdf