СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Тротинетите, исто како и велосипедите, претставуваат поекономично и поеколошко решение за растеретување на сообраќајот во градот. Како и минатата година, така и оваа Град Скопје нуди субвенции за купување на нов електричен тротинет за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).

Максималниот износ на субвенцијата изнесува 30% од износот на тротинетот или 7000 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti под услов апликантот претходно да нема добиено ваква субвенција.

Она што ви е потребно од документи е:

  • Важечка лична карта
  • Трансакциска сметка
  • Фискална сметка

*документите треба да бидат скенирани

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6723/subvencii-trotineti-2021.pdf

Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6717/subvencii-trotineti-2021-alb.pdf