- април 21, 2021
- Објавено од: Град Скопје
- Категорија: Новости
Одржувањето на чисто и уредно Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето и живот по поздрава животна околина. Затоа, Град Скопје нуди субвенции за чистење на оџаците на домовите.
Субвенциите се однесуваат на жителите и правните лица на град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај), а субвенциите се валидни за чистење на оџакот на истата адреса по личната карта или деловен субјект.
Максималниот износ на субвенцијата изнесува 1200 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/odzaci.
Она што ви е потребно од документи е:
- Важечка лична карта
- Доказ за правен субјект не постар од 6 месеци (за правни лица)
- Трансакциска или жиро сметка
- Потврда за чистење оџак од фирма/личност регистрирана за таа дејност
- Фискална сметка не постара од 01.01.2021
*документите треба да бидат скенирани
Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6729/javen-povik-cistenje-odzaci-2021.pdf
Повеќе информации за јавниот повик на албански јазик на линкот – https://skopje.gov.mk/media/6728/javen-povik-cistenje-odzaci-2021-alb.pdf