- септември 14, 2018
- Објавено од: Град Скопје
- Категорија: Новости
Зголемената популација во големите градови е еден од предизвиците на процесите на планирање и управување на градовите. Несомнено, еден од најзначајните предизвиците во таканаречените “мега градови” е транспортот, предизвик кој придонесува до значителни штети кои водат кон здравствени проблеми и недостаток на економски развој.
Дополнително, во последните години, во Македонија се забележува раст во потрошувачката енергија од транспорт, од 24% во 2012 на 32,5% во 2015 година, од кој најдоминантен е патниот сообраќај со 97% вклученост. Ова резултира со високи емисии на стакленички гасови, од кои дури 99% се настанати од транспортниот сектор.
Денешниот развој на информациски и комуникациски технологии дава можности за развивање на одржливи и ефикасни решенија. Сепак, и во ваква ситуација решенијата навидум отсуствуваат. Преминот на општеството кон употреба на поефикасни иновативни технологии и обновливи извори на енергија ги вклучува сите.
Токму затоа на 20.09.2018, со почеток од 19:00ч во просториите на “CO&WORK” се организира првиот TEDxSkopjeSalon за оваа сезона под тема “Иднината на транспортот”, настан посветен на иновациите во транспортот, со дискусија за патот кон одржливоста и ефикасноста преку имплементација на нови технологии и методи.
Дел од прашањата на кои како што велат организаторите ќе се дискутира инволвираат: што можат градовите, луѓето, властите и организациите да направат за нова фундаментална промена во гледање на транспорот и мобилноста, како и за кои се последиците на оваа промена и кон кои цели се стремиме за нејзино постигнување.
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: goo.gl/bgW7h3; најдоцна до 17.09.2018, 18:00 часот.
Повеќе за настанот може да дознаете на следниов линк.
Ова е всушност првиот од новата серија TEDxSkopjeSalon настани кои после досегашните успешни 22 настани се ребрендира во TEDxSkopje. СкопјеЛаб – Центарот за иновации на Град Скопје уште од самиот почеток е еден од поддржувачите на оваа иницијатива која веќе некое време се обидува да ја раздвижи скопската мисла!
За крај, бидете одговорни, забавни и иновативни во вашиот транспорт, макар и секојдневен!