Скопски зелени кулиСветилници на граѓанското делување

zelenikuli
Една од проепораките на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје е зголемување на зелените површини во градот со цел обезбедување на долгорочно решавање на проблемот со справувањето со климатските промени преку зголемувањето на свеста за потребата за граѓанско делување во разбирањето и справувањето со последиците од климатските промени низ употреба на иновативни начини на делување, како во доменот на управувањето со градовите, така и во областа на граѓанските иницијативи, креативните технолошки решенија и граѓанската одговорност.

предизвик

Како информациите кои доминираат со јавниот физички и медиумски простор да ги направиме достапни и разбирливи за граѓаните? Одговорот кој е понуден се базира на идејата дека техниката на соопштување на информациите низ користењето на основните човечки сетила, како видот, овозможуваат интутивно согледување и разбирање на информациите.

активности

Зелени кули позиционирани на неколку од главните градски булевари, како промоција на иновативни решенија на поставување на зеленило со капацитет да го прочистува воздухот од јаглерод диоксид и други загадувачи и зголемување на свесноста на граѓаните за проблемот на загадувањето на воздухот низ интерактивна светлосна инсталација поврзана со сензори за мерење на истото.

резултати

Дизајнот на просторна структура во комбинација со сензори за мерење на степенот на загаденост на воздухот, систем за интерактивно осветлување кој реагира на различниот степен на загаденост на воздухот и покривката од растенија кои имаат капацитет за апсорпција на дел од загадувачите во воздухот, нуди уникатна можност за директно, визуелно и интуитивно разбирање на податоците за загаденоста, и за потребата за превземање на мерки за намалување на загаденоста на воздухот

Дополнително, зелените кули се чекор напред во промоцијата на идеите за развој на Скопје како паметен град.

Обвивката на зелените кули е од растенија кои со тек на време треба да ја покријат целата површина на кулата задржувајќи ја нејзината основната геометрија. Изборот на растенијата е направен во соработка со ЈП Паркови и зеленило – Скопје, врз основа на критериумот за капацитет на растението за апсорпција на згадувачите во воздухот, брзиот раст и лесното одржување на растението.
Системот за осветлување на кулата се состои од лед светилки во три бои (црвена, жолта и зелена) и соодветно на информацијата за степенот на загаденоста на воздухот добиена од сензорите ќе емитира светлина во соодветна боја (црвена – високо ниво на загаденост, жолта – средно ниво на загаденост и зелена – ниско ниво на загаденост).

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?