Отстранување на азбест

2azbest
Азбестот е природен материјал, минерал, кој во природата се јавува во кристално влакнеста состојба. Бидејќи поседува одредени позитивни својства како: резистентност на високи температури, отпорност на корозија, ниска спроводливост, флексибилност, хемиска отпорност, еластичност, висока цврстина при истегнување и механичка сила, во изминатите 50 години азбестот беше употребуван како материјал за градење, за обложување и топлотно-звучна изолација на канцеларии, фабрики и домови.

Денешните светски студии укажуваат на 3.000 различни видови на комерцијални производи кои содржат азбест како следните:

  • градежни материјали од цемент со азбест
  • азбестно –цементни цевки
  • производи за подови
  • електрични инсталации
  • суровини за амбалажи
  • суровини за производство на хартија
  • суровини за производство на пластика
  • суровини за изградба на кровови
  • суровини за текстил отпорен на топлина
  • декоративни облоги
  • топлотна изолација на цевки и котли
  • облоги за сопирачки, куплунзи и дихтунзи.

Покрај наведените позитивни, азбестот поседува и бројни негативни својства од кои најопасно е негативното влијание врз здравјето на луѓето.

Согледувајќи ги последиците од употребата на азбестот многу држави, пред се оние кои се сметаат за индустриски, го забранија производството на азбестот и неговата примена.

Употребата на производи со било кој тип на азбест е целосно забранета во земјите од Европската Унија од 2005 година па наваму.

предизвик

Материјалите кои содржат азбест се разединуваат на азбестни влакна во случај на шмирглање, сечење, брусење или при нивно одржување или отстранување. Повеќето влакна движејки се низ воздухот се таложат во дишните патишта, и ако се поголеми се чистат со нормалните физиолошки процеси, а помалите влакна се поопасни и истите може да се наталожат длабоко во белите дробови или да се пренесат до другите органи. Азбестот се нарекува и “прикриен убиец“ затоа што латентниот период од изложувањето до настанување на болеста ( најчесто ракот ) е долг период од 15 до 50 години.

активности

  • спроведена анкета кај граѓаните и институциите за застапеност на азбестот,
  • изготвена Методологија за постапување со азбест,
  • изготвен Извештај за анализи на применетиот азбест како градежен материјал на подрачјето на град Скопје,
  • изготвена Фиибилити студија за определување на активностите, потребните финансиски средства и динамиката на реализација на кампањата за отстранување на азбестот,
  • изготвена Студија за оценка на влијанието врз животната средина при демонтажа/уривање на градежните материјали кои содржат азбестни компоненти во град Скопје, одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
  • изготвана Студија за оценка на влијанието врз животната средина при транспорт и депонирање на градежниот отпад кој содржи азбестни компоненти во град Скопје, одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
  • подготвена локација за депонирање на отпадот од азбест на депонијата Дрисла,
  • изработена предмер – пресметка за отстранување на азбестните кровни покривачи на објектите на сите средни училишта (во надлежност на Град Скопје), нивно депонирање, реконструкција на кровните конструкции (по потреба) и поставување на нови покриви,
  • реализирање на замената на азбестот на ктововите во средните училишта, во текот на летните месеци кога не се одржува настава, според сите прописи, во текот на повеќе фази.

резултати

 

Год.

Објект

Површина

Средства

1.

2011

СУГС Георги Димитров

СУГС Раде Јовчевски Корчагин

СУГС Арсение Јовков

5.455 м2

20.076.547,37ден

2.

2012

СУГС Владо Тасевски

СУГС 8-ми Септември

5.420м2

15.732.829,00ден

3.

2013

СУГС Јосип Броз Тито

СУГС Цветан Димов

6.874м2

20.726.157,00ден

4.

2014

СУГС Михајло Пупин

ЈУУДГС Здравко Цветковски

7.080м2

15.666.689,00ден

5.

2015

СУГС Здравко Цветковски

10.299м2

15.000.000,00ден

2011-2015 вкупно:

35.128 м2

87.202.222,37ден

 

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?