Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени

Otporno Skopje Startegija mkd-80
Една третина од вкупното население на Република Македонија живее во градот Скопје, а голем број жители од регионот и пошироко исто така секојдневно патуваат кон главниот град. Еколошкиот отпечаток на градот е неповолен, а загадувањето на воздухот се покажа како драматична закана по здравјето, за која не постои лесно решение. Покрај тоа, граѓаните бараат јавни услуги кои се поевтини и со повисок квалитет отколку во минатото.

предизвик

Брзиот урбан раст од таков обем создава два главни предизвици: еколошка одржливост и испорака на јавни услуги. Задоволувањето на потребите на таков голем и променлив број на жители и патници е голем предизвик за градската администрација. Вработените во општината имаат полни  раце работа обидувајќи се да се справат со секојдневните предизвици и многу малку време за планирање однапред.

Иако градот се стреми кон тоа да одговори на овие предизвици, неговите ресурси се ограничени. Тековниот систем за управување не е конфигуриран да одговори брзо на овие зголемени барања и да обезбеди услуги кои ги задоволуваат зголемените стандарди и очекувања на жителите.

активности

За да одговори на овие предизвици, да стане поотпорен на климатските промени и други еколошки закани, Градот Скопје со поодршка на УНДП ќе работи на дизајнирање и испорака на подобри услуги за своите граѓани. Предвидени се група приоритетни мерки идентификувани во Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“ и Рамката за иновации на Град Скопје:

1. Воведување на иновативни пристапи во секојдневна работа на Град Скопје, дизајнирање и испорачување на подобри и поефикасни услуги за своите граѓани

2. Спроведување на потребните истражувања за унапредување на локалната агенда за животна средина

3. Воспоставување на модели за унапредување на урбаната отпорност и тестирање на неколку такви модели за да се обезбеди доказ за концептот

резултати

  • Администрација на град Скопје со нови пристапи и техники ќе дизајнира и испорачува услуги
  • Зајакната соработка со граѓаните и бизнисите за подобрување на јавните услуги
  • Дизајнирање/редизајнирање на две услуги за зголемување на задоволството на граѓаните кои ја користат таа услуга
  • Изработка на мапа на биотопи за Скопскиот регион
  • Развивање инвентар на крајбрежни живеалишта (водни живеалишта) и Акционен план за агломерација Скопски регион
  • Развој на основен Проект за воспоставување на зелен коридор по текот на реката Серава
  • Развој на Студија за подземните води за агломерацијата Скопски регион
  • Идентификување на можните патишта за пренос на шест валентен хром во подземните води на планината Жеден и нивното влијание врз изворот Рашче
  • Надградба на Зелен катастар за град Скопје преку инвентаризација на дополнителни дрвја и грмушки
  • Изградба на зелен покрив на ГТЦ
  • Озеленување на Скопско кале
  • Проектирање и спроведување на активности за подигање на јавната свест за горење на отпадот и користење на загадувачки извори на топлинска енергија

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?