Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени
предизвик
Брзиот урбан раст од таков обем создава два главни предизвици: еколошка одржливост и испорака на јавни услуги. Задоволувањето на потребите на таков голем и променлив број на жители и патници е голем предизвик за градската администрација. Вработените во општината имаат полни раце работа обидувајќи се да се справат со секојдневните предизвици и многу малку време за планирање однапред.
Иако градот се стреми кон тоа да одговори на овие предизвици, неговите ресурси се ограничени. Тековниот систем за управување не е конфигуриран да одговори брзо на овие зголемени барања и да обезбеди услуги кои ги задоволуваат зголемените стандарди и очекувања на жителите.
активности
За да одговори на овие предизвици, да стане поотпорен на климатските промени и други еколошки закани, Градот Скопје со поодршка на УНДП ќе работи на дизајнирање и испорака на подобри услуги за своите граѓани. Предвидени се група приоритетни мерки идентификувани во Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“ и Рамката за иновации на Град Скопје:
1. Воведување на иновативни пристапи во секојдневна работа на Град Скопје, дизајнирање и испорачување на подобри и поефикасни услуги за своите граѓани
2. Спроведување на потребните истражувања за унапредување на локалната агенда за животна средина
3. Воспоставување на модели за унапредување на урбаната отпорност и тестирање на неколку такви модели за да се обезбеди доказ за концептот
резултати
- Администрација на град Скопје со нови пристапи и техники ќе дизајнира и испорачува услуги
- Зајакната соработка со граѓаните и бизнисите за подобрување на јавните услуги
- Дизајнирање/редизајнирање на две услуги за зголемување на задоволството на граѓаните кои ја користат таа услуга
- Изработка на мапа на биотопи за Скопскиот регион
- Развивање инвентар на крајбрежни живеалишта (водни живеалишта) и Акционен план за агломерација Скопски регион
- Развој на основен Проект за воспоставување на зелен коридор по текот на реката Серава
- Развој на Студија за подземните води за агломерацијата Скопски регион
- Идентификување на можните патишта за пренос на шест валентен хром во подземните води на планината Жеден и нивното влијание врз изворот Рашче
- Надградба на Зелен катастар за град Скопје преку инвентаризација на дополнителни дрвја и грмушки
- Изградба на зелен покрив на ГТЦ
- Озеленување на Скопско кале
- Проектирање и спроведување на активности за подигање на јавната свест за горење на отпадот и користење на загадувачки извори на топлинска енергија