„Градовите за шумите“ (#Cities4Forests)Водечки градови во партнерство со шумите се борат против климатските промени, ги заштитуваат сливовите и биодиверзитетот и ја подобруваат добросостојбата на луѓето .

forests-value-cities-sdg-goals_0
Дрвјата и шумите се од огромно значење за градовите и за нивните жители. Дрвјата и шумите обезбедуваат многукратни здравствени придобивки, ги одржуваат водните ресурси, помагаат во борбата со климатските промени и го заштитуваат глобалниот биодиверзитет. Конкретно, дрвјата во градовите („внатрешните шуми“) го прочистуваат воздухот, ги ублажуваат ефектите од урбаните топлински острови (и сметките за енергија се помали) и го одржуваат здравјето на луѓето и дивиот свет. Дрвјата во сливовите околу градовите (во „блиските шуми“) придонесуваат да имаме почист воздух и вода за пиење, помалку поплави и нудат место за бегство од хаотичниот градски живот. А дрвјата во „далечните шуми“ - особено во тропските предели - апсорбираат големи количества јаглерод, генерираат дождови за земјоделските појаси на планетата, обезбедуваат богатство од плодови и се дом на биодиверзитетот на копнениот дел од планетата.

За возврат, градовите можат да обезбедат огромна вредност за шумите. Поради тоа што урбаните области се местата каде што живеат и работат сè повеќе луѓе, јавните политики и јавните набавки во градовите – заедно со вредностите, гласовите и потрошувачките шаблони на граѓаните – имаа огромен потенцијал да ги поддржат активностите за конзервација, обновување и одржливо управување со шумите. Многу градови на некој начин веќе ги одржуваат шумите, од паркови преку урбани шуми до „зелена инфраструктура“ и програми за управување со сливовите. Помалку градови, ако воопшто има такви, вложуваат напори да ги одржуваат далечните шуми коишто се од витално значење за борбата против климатските промени.

Сепак, шумите и понатаму се во опасност. Секоја година, најмалку 5 милиони хектари (12,3 милиони акри) под шуми – површина голема колку Коста Рика – постојано се пренаменуваат за други намени низ целиот свет, а уште многу милиони хектари се деградирани. Уништувањето и деградирањето на шумите придонесуваат со преку 8% во глобалните емисии на стакленички гасови, и имаат разорно влијание врз локалните заедници. Во меѓувреме, градовите се повеќе се оддалечуваат – и буквално и фигуративно – од шумите од кои зависат. Многу граѓани не чувствуваат поврзаност со шумите, а градските управи често не ги користат шумите како дел од решенијата за урбаните проблеми.

Следствено, премалку градови инвестираат во шуми во рамки на нивните стратегии за справување со климатските промени, обезбедување чиста вода за пиење, подобрување на јавното здравје, намалување на загаденоста на воздухот, намалување на ризиците од природни непогоди, обезбедување можности за рекреација, и исполнување на други урбани развојни приоритети.

Што е Cities4Forests?

Cities4Forests е движење за катализирање на политичката, општествената и економската поддршка меѓу владите и жителите на градовите за да се интегрираат внатрешните, блиските и далечните шуми во плановите и програмите за развој. Учесниците заеднички стремат кон намалување на обесшумувањето, обновување на шумите (и повеќе дрвја во градовите) и поодржливо управување со шумите. Наша цел е да ги засилиме тековните најдобри практики и новосоздадениот однос меѓу градовите и шумите да го кренеме на глобално ниво на кое градовите и шумите ќе бидат во постојана интеракција.

Cities4Forests е доброволна коалиција на канцелариите на градоначалниците — поддржана од други национални организации какви што се јавните водостопански претпријатија и служби за одржливост – од целиот свет. Cities4Forests поттикнува инспирација и учење помеѓу градовите, а членовите добиваат и техничка поддршка од институциите со експертиза во областа на шумите, климатските промени, водата, комуникациите, финансиите и политиките.

Што ќе направи Cities4Forests?

Cities4Forests обезбедува форум за дискусија, градење односи и техничка поддршка за подобро поврзување на градовите и шумите. Средби на Cities4Forests де одржуваат на маргините на постојните средби на урбаните политички лидери и професионалци за одржливост (на пр. на средбите на World Urban Forum/Светскиот урбан форум, C40 и/или ICLEI). Овој пристап ги сведува трошоците на минимум, како и оптоварувањето од уште еден настан на кој треба да се присуствува. При секое заседавање, Cities4Forests обезбедува содржина за градските стратегии, нуди техничка помош, спроведува обуки за различни алатки, ги претставува успешните примери, идентификува начини за надминување на предизвиците, прави јавни објави за важни постигнувања и создава база со научни докази за користа од шумите за градовите, како и многу други активности.

Помеѓу средбите, секретаријатот на Cities4Forests и партнерите нудат ангажман еден-на-еден, како и помош по потреба.  Градовите може да се активираат во една или повеќе работни групи (една за внатрешните шуми, една за блиските шуми и една за далечните шуми) за подлабоко да ги разработат тематските прашања, предизвиците и можностите заедно со градовите што ги имаат истите интереси.

Cities4Forests е создадена за да направи „турбо-промена“ во постојните напори на градовите насочени кон шумите така што ќе внесе дополнителна енергија, ќе го олесни пристапот до ресурси, и ќе им помогне на градовите да учат од најдобрите во својата класа и да преземат нови храбри чекори. Cities4Forests ги надополнува – а не е конкуренција на – постојните напори. Ги премостува јазовите во рамки на градските управи (канцеларијата на градоначалникот, службата за одржливост, службата за градските паркови, општинското водостопанско претпријатие) истовремено премостувајќи ги и јазовите помеѓу постојните активности. Исто така, ги пополнува и преостанатите празнини, на пример улогата на далечните шуми како дел од градските акциски планови за борба со климатските промени и одржливите набавки на дрва.

Што се нуди?

Со приклучување кон Cities4Forests градовите добиваат ексклузивен пристап до следниве понуди. Градовите може да изберат да се ангажираат во сите или само во оние што ги пополнуваат празнините во нивното портфолио. Овие понуди опфаќаат:

  • Форум во кој градовите ќе учат едни од други и ќе се ангажираат во иницијативи што ги исполнуваат нивните потреби.
    • Помош за спроведување анализа на „отпечатокот“ со која се утврдуваат влијанијата и зависноста на градот од/врз шумите (урбани, блиски и далечни), и во која се прави приоритетна листа на „жешките“ прашања, и се квантификуваат придобивките.
  • База на податоци што им овозможува на градовите да ги идентификуваат алатките, иницијативите и истражувањата за прашања поврзани со градови/шуми што се веќе достапни и може да им даде насоки како да ги изберат тие што најмногу одговараат на нивните потреби.
  • Идентификување и воведување финансиски извори (домашни/меѓународни, јавни/приватни).
  • Пакети за ангажирање и комуницирање со граѓаните што опфаќаат праќање пораки, дигитални медиуми, изложби на фотографии образовни материјали и други комуникациски материјали.
  • Покана за учество на годишниот годишен конкурс и доделување награди на Cities4Forests.

За внатрешните шуми (урбани дрвја) 

  • Пристап до извори на техничка помош и програми за воведување или проширување на програмите за урбани дрвја и зголемување на учеството на граѓаните.
  • Лесни за користење геопросторни алатки за пресметување на емисиите на стакленички гасови и апсорпцијата од дрвата како дел од инвентарот на стакленички гасови на градот.
  • Водич за планирање на локациите и „калкулатор за пресметување на придобивките“ за квалитетот на воздухот, управувањето со атмосферските води, ублажувањето на топлинските острови како и други урбани развојни приоритети.

За блиските шуми 

  • Економски анализи за да се оправда кога, каде и како да се инвестира во шуми („природна инфраструктура“) за да се обезбеди вода за пиење, да се намалат ризиците од поплави, да се создадат можности за рекреација, итн.
  • Техничка помош, примери на случаи и посети на други градови за програми за заштита на изворската вода.
  • Насоки како да се добие пристап до финансии за спроведување на програмите (на пр. од Water Funds, Forest Resilience Bonds).

За далечните шуми 

  • Поврзувања со мрежи на заедници и организации што применуваат одржливо управување со шумите низ целиот свет.
  • Сет алатки што ќе му помогнат на градот да избере „шума-сестра“ и да конципира програма за взаемно ангажирање и корист (на пр. набавка на претпочитани одржливи производи од таа шума, програми за размена на студенти и еко-туризам, како и купување на доброволни јаглеродни кредити од таа шума за градот да може да ги исполни своите цели за емисии на стакленички гасови).
  • Насоки и истражување за сертифицирани одржливи набавки на дрво за градска инфраструктура (на пр., за клупи, тротоари и пејзажни елементи, како и за нови згради со многу градежно дрво во нив).
  • Помош за градовите да ги исполнат своите климатски обврски преку снабдување со одржливи сертифицирани јаглеродни кредити од шуми или други стратегии.

Што добиваат градовите?

Cities4Forests ќе донесе многу придобивки за градските управи и нивните жители, меѓу кои и:

  • Климатски решенија
    • Придонесува во климатските обврски. На пример, дрвјата и шумите може да обезбедат нискотрошковни опции за затворање на јазот во емисиите на стакленички гасови и за постигнување на јаглеродна неутралност. Ангажирањето во оваа иницијатива може да ги надополни активностите во рамки на неодамнешната обврска за „неутрални емисии до 2050 г.“ на група C40 членки. Слично, ангажирањето може да им помогне на градовите да почнат да се справуваат со големите количества емисии надвор од границите на градовите, како што неодамна беше наведено во извештајот на C40, Емисии на стакленички гасови што произлегуваат од потрошувачката во C40-градовите.
    • Поедноставен начин за локалните бизниси да ги исполнат своите обврски за одржливост и борба против климатските промени.
    • Придонес во остварувањето на Одржливите развојни цели, особено тие што се однесуваат на водата (SDG 6), градовите (SDG 11), временските услови (SDG 13) и шумите (SDG 15).
  • Безбедност на финансиските и на природните ресурси
    • Поодржливи јавни набавки на дрво.
    • Посигурно снабдување со вода и пониски трошоци за пречистување на водата за пиење.
    • Идентификувани извори на домашно јавно/приватно финансирање, и отворени врати.
  • Добросостојба на граѓаните
    • Граѓаните подобро разбираат колкава е важноста на дрвјата и шумите за нивните животи (на пр., извор на чиста вода за пиење, можности за рекреација, улога во стабилизирањето на климатските услови).
    • Повеќе рекреација во шумите, повеќе див живот и повеќе естетика за гаѓаните.
    • Помала изложеност на ризици од временски непогоди какви што се поплави, лизгање на земјиште и пожари.
    • Почист воздух, помали сметки за енергија, подобро регулирање на локалните климатски услови, и многу други придобивки.
  • Јавен профил
    • Признание за регионален и глобален лидер за високо-приоритетни прашања на нашата генерација.
    • Медиумска покриеност за напредок и постигнувања.
    • Образовни и културни можности што ги ангажираат младите и возрасните.
    • Премостување на урбано-руралниот јаз и создавање можности за соработка со домородните заедници, и во шумските области и во градовите.
    • Погорд град и подобар јавен профил на градот на светската сцена.

Што треба да стори градот за да се приклучи?

  • Да ја потпише политичката изјава за важноста на шумите за градовите, како градовите можат да им помогнат на шумите и за вашата намера да се приклучите кон Cities4Forests (ќе биде објавена на Самитот за глобална климатска акција, септември 2018).
  • Да се ангажира во најмалку една од погоре понудените области за урбани, блиски или далечни шуми, и да настојува да го прошири своето делување со тек на времето.
  • Да сака да го сподели своето искуство, предизвици и проекти со другите градови.
  • Да постави една или повеќе контакт-точки што ќе се ангажираат во Cities4Forests. Контакт-точките може да бидат во канцеларијата на градоначалникот, јавното водостопанско претпријатие, службата за одржлив развој, службата за паркови и рекреација, или други служби. Секој град може да има повеќе од една контакт-точка.

Колку чини приклучувањето?

Учеството во Cities4Forests е бесплатно.  Ако до септември 2018 г. се приклучат доволно градови, донатор филантроп изрази интерес да го поддржи секретаријатот за тој да раководи со иницијативата и да најде партнери што можат да обезбедат техничка помош на градовите. Градовите ќе бидат должни да го платат работното време на својот персонал. За градовите што се соочуваат со финансиски ограничувања, на располагање има ограничен буџет за покривање на трошоците за превоз за дел од нивните претставници да присуствуваат на настаните на Cities4Forests.

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?