Поплави – Сликата за Скопје што никој не ја посакува!

Градот Скопје спроведе студија за моделирање на можни поплави во Скопски плански регион, во согласност со Директивата за поплави и националната регулатива.

Клучните цели на студијата се:

  • Идентификување и мапирање на постоечките и потенцијалните идни опасности и ризици од поплави во Скопскиот регион, со акцент на урбаните среди по течението на реката Вардар.
  • Градење на стратешка база на информации потребни за донесување на информирани одлуки во однос на управувањето со ризикот од поплави во областа.
  • Идентификување на одржливи структурни и неструктурни мерки и опции за управување со ризикот од поплави на локализирани високо-ризични области во рамките на целата територија на градот Скопје.

Сценаријата на можни поплавни бранови се дополнително визуелизирани со помош на алатката StoryMaps, и може да се погледнат на следниве линкови.

 

 

Симулација на екстремна поплава од Горен Вардар и рушење на браната Козјак

 

 

 

 

 

Симулација на екстремната поплава од 06 Август 2016, Скопска Црна Гора

 

 

 

 

 

 

Симулација на екстремна поплава од Горен Вардар и Лепенец

 

 

 

 

 

 

Симулација на поплави од поројни водотеци од Водно

 

 

 

Целосната Студија за моделирање на поплавите во Скопје може да ја најдете овде.

Подготвено со техничка и финансиска поддршка на УНДП, во рамките на проектот “ИКТ за урбана отпорност”. Студија за моделирање на поплавите во Скопје е изработена од ПРОПОИНТ Конасалтинг. Анализите се визуелизирани со помош на алатката StoryMaps со поддршка на Центарот за иновации на Град Скопје – СкопјеЛаб.