Како да поминеш зелен ден во Скопје

Ова видео е снимено според победничката идеја на Зорица Бојаџиева од јавниот повик “Како да поминеме еден поинаков зелен ден во Скопје” во рамките на Европската недела на мобилност. (2016)

Зорица Бојаџиева доби велосипед на расклопување кој совршено се вклопуваат во градскиот животен стил.

предизвик

Под мотото на недела на мобилност на ЕУ “Паметна мобилност. Силна економија ” во 2016, Градот Скопје, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ги повикаа сите граѓани да поднесат идеи за најдобриот начин да се помине зелен ден во Скопје. Целта беше да се поттикнат граѓаните на Скопје да преземат иницијатива и активно да учествуваат во развојот на подобри решенија за урбана мобилност што ќе го направи градот поотпорен на климатските промени и ќе придонесе за посилна локална економија.

Правилата на повикот:

  • Бидете иновативни
  • Размислувајте зелено, размислувајте мудро
  • Користете ја постојната инфраструктура за урбана мобилност
  • Користете паметни транспортни решенија
  • Не е дозволено користење на возило. Исклучоци: хибридни / електрични возила
  • Совет: не заборавајте ги оброците

Приватниот сектор, исто така, беше поканет да учествува, нудејќи попусти за здрави оброци, коктели за пикник или дури и собирање групи со електрични возила од најблиската автобуска станица, нудејќи им зелена тура во нивните простории.

резултати

Снимено видео за победничката идеја. Зорица Бојаџиева доби велосипед на расклопување кој совршено се вклопуваат во градскиот животен стил.

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?