- февруари 16, 2018
- Објавено од: Град Скопје
- Категорија: Новости
На 30 ти ноември, четврток од 12:30 до 16:30 часот во Големата сала на Совет на Град Скопје Скопје ќе се одржи петтата и последна работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот.
Целта на оваа работилница е да се доработат веќе дефинираните прототип решенија и да се развијат во нивната конечна форма. Овие решенија ќе допринесат во намалување на проблемот со отпадот и полесно справување со истиот.
На ова работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.
Она што се очекува од ова последна работилница е финализирање на прототип решенијата:
- Поставување на временската рамка
- Идентификување на сите активности и чекори потребни за спроведувањето на прототипот
- Дефинирање на потребниот буџет
Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 24ти ноември на skopjelab@skopje.gov.mk.
Со задоволство ве очекуваме да продолжиме да работиме заедно!
Повеќе информации за проектот може да најдете овде.