Унапредување на зелените површини

Првиот парк во Скопје, „Ислахане“, е подигнат на самиот почеток на 20-иот век по налог на Хавиз Мехмед Паша. Сепак, организирана активност за уредување на зеленилото во Скопје се јавува меѓу двете светски војни, кога е проширен Градскиот парк и се подигнати првите дрвореди и помали парковски површини.

Големите парк – шуми: Гази Баба и Водно, делумно ридот Француски гробишта и Зајчев Рид, како и рекреативниот центар Сарај се пошумени со акции во периодот 1946 – 1950 година.

Конешниот облик Градскиот парк го добива во 1970 година со новото проширување и регулација на коритото на река Вардар. Во тој период е подигнат и рекреативниот центар Езеро Треска.

Во сите населби, градени по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, оформувани се зелени површини во станбените населби, нарешени блоковско зеленило. Редовно се подигнувани дрвореди и булеварско зеленило. Во општините се формираат нови локални центри со плоштади и паркови (Аеродром, Автокоманда, Карпош..).