Скопје здрав град
Европската мрежа на Здравите Градови е дел од Светската Здравствена Организација. Во оваа мрежа се вклучуваат оние Градови кои се подготвени да го постават здравјето на граѓаните како приоритет во работата на градските управи.
Според Европската мрежа на Здрави Градови, на здравјето на граѓаните секогаш битно влијааат и дополнителни фактори како што е состојбата во животната средина.Токму поради ова решенијата за подобрување на здравјето се бараат и надвор од здравствениот сектор. Мрежата на Здрави Градови смета дека решенијата за подобро здравје на граѓаните се и во локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис секторот.
Градовите кои се дел од оваа мрежа работат и се вклучени во глобалниот развоен Проект за Здрави Градови кој претставува фазен проект и секоја негова фаза трае пет години. Проектот е започнат осумдесетите години од минатиот век и досега се завршени пет фази. Во Европа денес постојат преку 90 проектни градови кои здружено работат на реализација на шестата фаза од проектот, а на глобално ниво проектот вклучува над 3000 градови.
Градот Скопје влезе во мрежата на Здрави градови во 2016 година.