Транспортот е одговорен за 14% од глобалните емисии на јаглерод диоксид!
Споделување на возило за работа со колегите – може да се избегне скопското секојдневие: многу возила, сообраќаен хаос и нервоза, а во повеќето возила има само по едно лице. Ако наместо да одите сами на работа, го споделите возилото со уште 3 колеги, бројот на возила на улиците ќе се намали за 1/3. Колку полесно ќе се движиме низ градот тогаш, нели?
Погледнете дали вашиот работодавец ќе ви овозможи да работите од дома еден ден во неделата – така на годишно ниво ќе ги намалите своите емисии на јаглерод диоксид за цел еден тон!
За кратки патувања – одење пешки или возење велосипед – Ова ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје и да го намалите јаглеродот: возење 1,5 км велосипед наместо автомобил = 290 g CO2eq помалку во воздухот!
- Возењето велосипед, исто така, може да биде забавна и социјална активност со ниска употреба на јаглерод, за да истражите нови места доколку вежбате. Одлично за вашето здравје, го намалува загадувањето на воздухот и сообраќајот и ви заштедува пари.
- Знаете ли дека вработените во УСЈЕ секоја среда доаѓаат на работа без автомобил? Распрашајте се и дознајте која е нивната мотивација 🙂
Размислувате да купите нов автомобил? Изберете ново возило со ниски емисии наместо големо половно дизел возило. Ако имате буџет, размислете за хибрид или електричен автомобил.
Знаете ли дека хибридното возило не се полни, туку заменува дел од горивото со струја која самото возило ја произведува при движење/кочење?
Знаете ли дека од Центар до Ново Лисиче со хибридно возило може да се стаса со просечна потрошувачка од 2.3л?
Оди Електрично – Информирајте се! Електричните автомобили не се секогаш скапи и недостапни. Кај нас се продаваат електрични градски автомобили и за 7000 евра.
- Во просек, возењето на електричен автомобил емитува помалку од 1/3 од емисиите од бензински автомобил.
- Со помалку трошоци за одржување и дополнителни даночни заштеди и стимулации, електричните автомобили, исто така, можат да бидат економски поефикасни отколку што мислите.
- Проверете онлајн и побарајте од трговците информации за електрични и хибридни автомобили за да ги намалите емисиите на вашето возење и влијанието врз животната средина и здравјето.
Неефикасното возење троши гориво и пари!
Еве два совети за тоа како можете да ја подобрите ефикасноста на возењето за да ја подобрите вашата одржливост:
- Смирено возење (безбедно) – Остро забрзување и кочење не е само опасно, туку троши гориво и го забрзува стареењето на вашето возило и гуми. Со смирено и безбедно возење, внимавајќи на она што се случува пред вас, ќе имате доволно простор и време за да избегнете незгоди и ќе ги намалите трошоците за одржување на горивото и автомобилот, а дополнително ќе ги намалите и штетните емисии кои вашето возило ги испушта во воздухот.
- Не го оставајте автомобилот да работи во лер – оставајќи го моторот да работи додека стои на место, трошите гориво и непотребно придонесувате кон загадувањето на воздухот.
- За оние кои имаат возила со опција старт-стоп, осигурајте се дека ја користите!
- Запомнете дека оставањето на автомобилот да работи во лер не е потребно за да го загреете моторот или внатрешноста на вашиот автомобил.
- Побарајте од работодавачот да воведе флексибилно работно време за да го избегнете сообраќајниот метеж наутро и попладне – Доаѓање/заминување на/од работа половина час порано/подоцна значително ќе го намали времето го губите заглавени на скопските улици, а ќе овозможи да поминете повече време со својата фамилија или пријатели.
- Додека сте заглавени во сообраќај, вашиот автомобил произведува 3x повеќе емисии за истата далечина во споредба со кога сообраќајниците се проодни.