ВЕЛО РОДЕО Турнеја

  • септември 16, 2019 - септември 22, 2019
  • 11:00 - 23:00 часот

    Дојдете со точак, учествувајте во вело родео и освојте награда!

    По повод Европска недела на мобилност која традиционално се одбележува од 16-22 септември, здружението на граѓани „Еко Логик“, организира ВЕЛО РОДЕО ТУРНЕЈА и тоа во следните градови:

    – 16.09 Koчани ( ОУ„Maлина Попиванова“) 11:30-13:30 часот
    – 17.09 Делчево (ОУ „Св.Климент Охридски“), 12:00-14:00 часот
    – 18.09 Неготино,(ОУ „Гоце Делчев“) 12:00-14:00 часот
    – 19.09 Велес, (Младински Парк) 11:00-13:00 часот
    – 21.09 Скопје, ( Градски парк, кај Школка) 11:00-14:00 часот

    Вело Родео настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4-то до 9-то одделение кои имаат желба да возат велосипед, да ги покажат своите вештини, како и да се забавуваат и едуцираат преку следните игри:

    • Вело полигон (баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање.
    • Еко Не лути се човече (во реална големина),
    • Вело Меморија,
    • Еко квиз и многу други.

    На овој начин, учениците ќе ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед.

    Ве очекуваме во голем број сите заедно да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

    (Секако присуство и од возрасните е од исклучителна важност)

    #велоучилишта
    #велосемејства
    #EУзаТЕБЕ

    Eco – Logic

    —————————————————————————————–

    Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
    Настаните Вело Родео имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед.
    Вело Родео како дел од Вело Училишта е поддржан од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија.

    *За повеќе информаци за одбележување на Европската недела на мобилност 2019, на следниот линк: http://www.mobilityweek.eu/

    Скопје Дише - Утопија или реалност?

    Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот предизвикано од греењето на домаќинствата 2017-2025