TEDxSkopjeSalon – Каква е иднината на транспортот?

  • септември 20, 2018
  • 19:00 - 21:00 часот
  • CO&WORK, ул.Шумадиска 7а, 1000 Скопје

Зголемената популација во големите градови е еден од предизвиците на процесите на планирање и управување на градовите. Еден од најзначајните предизвици во таканаречените “мега градови” е транспортот, предизвик кој придонесува до значителни штети кои водат кон здравствени проблеми и недостаток на економски развој.
Поврзувањето на урбанизација и цивилизација придонесува до зголемен проблем на транспортот и мобилноста.

Во последните години, во Македонија се забележува раст во потрошувачката енергија од транспорт, од 24% во 2012 на 32,5% во 2015 година, од кој најдоминантен е патниот сообраќај со 97% вклученост. Ова резултира со високи емисии на стакленички гасови, од кои дури 99% се настанати од транспортниот сектор.

Денешниот развој на информациски и комуникациски технологии дава можности за развивање на одржливи и ефикасни решенија. Сепак, и во ваква ситуација решенијата навидум отсуствуваат. Преминот на општеството кон употреба на поефикасни иновативни технологии и обновливи извори на енергија ги вклучува сите. Токму затоа, Ве покануваме на првиот TEDxSkopjeSalon настан за оваа сезона на тема: “Иднината на транспортот”, настан каде ќе дискутираме за иновациите во транспортот, за патот кон одржливоста и ефикасноста преку имплементација на нови технологии и методи.

Дел од прашањата на кои ќе дискутираме се: што можат градовите, луѓето, властите и организациите да направат за нова фундаментална промена во гледање на транспорот и мобилноста, како и за кои се последиците на оваа промена и кон кои цели се стремиме за нејзино постигнување.

Настанот ќе се оддржи на 20.09.2018 со почеток од 19:00 часот во просториите на CO&WORK, ул.Шумадиска 7а. Настанот согласно концептот кој е фокусиран околу дискусија е отворен само за 30 учесници.

Како да аплицираш:
За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: goo.gl/xxEap3; најдоцна до 17.09.2018, 18:00 часот.

Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде:
Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на партнер организациитe, експерт гостите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени.

Официјалниот TEDxSkopjeSalon настан може да го погледнете на овој линк: https://www.ted.com/tedx/events/30095

Скопје Дише - Утопија или реалност?

Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот предизвикано од греењето на домаќинствата 2017-2025