Светски ден на чистење 2018: Мапирај сега!

  • септември 15, 2018
  • 08:00 - 20:00 часот
  • 1000 Скопје Македонија

Мапирај го ѓубрето сега и помогни да биде историја!

На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во 150 земји ќе се обединат за да го исчистат светот во еден ден. Овие земји ќе бидат исчистени од расфрлениот отпад како дел од најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото.
За да можеме да го исчистиме отпадот, треба да знаеме каде е. Е тука настапувате вие и вашиот телефон!

Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате веднаш! –https://www.worldcleanupday.org/map-it/

Побарајте места со расфрлано ѓубре во вашето соседство или во природата околу и обележете ја нивната локација со едноставната апликација за мапирање. Акцијата за мапирање е во тек и трае до средината на месец август.

Покрај помогнувањето да се подготви Светскиот ден на чистење, оваа глобална иницијатива за мапирање отпад ќе помогне да се подигне свеста за огромното загадување од отпадот. Податоците ќе бидат презентирани на Светска платформа за отпад – создавајќи ја најраспространетата база на податоци за погрешното постапување со отпадот во светот: https://opendata.letsdoitworld.org/

Овие вредни податоци ќе ни помогнат како информации во понатамошниот план за чување на местата чисти – насочувајќи поединци, заедници, корпорации и влади да стават крај на широко распространетото загадување од отпадот.

Помогни да се рашири зборот:

#GGCleanUp #MaptTheTrash#GlobalTrashMap #WorldCleanUpDay

Кампањата е во организација на Go Green – Биди Зелен.

Сподели
2018-9-15 8:00 am 2018-9-15 8:00 pm Europe/London Светски ден на чистење 2018: Мапирај сега! Мапирај го ѓубрето сега и помогни да биде историја! 1000 Скопје Македонија
зачувај го настанот во календар
past event
2
Скопје Дише - Утопија или реалност?

Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот предизвикано од греењето на домаќинствата 2017-2025