Ден без aвтомобили

  • септември 20, 2019
  • 11:00 - 14:00 часот
  • Парк Ибни Пајко

Европската недела на мобилност е европска иницијатива која ги поттикнува градовите да воведат и промовираат одржливи транспортни мерки и да ги покани луѓето да ги испробаат алтернативите за транспорт и мобилност низ градовите.

Во склоп на оваа недела се организира ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ – меѓународен настан кој има за цел да ги поттикне луѓето да се движат без автомобили, да користат одржлив транспорт и да ги промовира придобивките од безбедно одење и велосипедизам.

За таа цел е предвидено велосипедско дефиле со повеќе од 3500 учесници. Почетокот на дефилето ќе биде од паркот Ибни Пајко во 11:30 часот.

Рута на движење:

– Лево по ул.Филип II Македонски до бул.Гоце Делчев (се врти лево),
– Бул.Гоце Делчев (се врти десно) по бул.Партизански одреди,
– Бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул.ВМРО (се врти десно),
– Бул.Партизански одреди до бул.8ми Септември (се врти десно),
– Бул.8ми Септември се врти десно по бул.Илинден.

Дефилето завршува во Градскиот Парк – Школка, каде што е предвидено да се одржи музички хепенинг со DJ Mats.

Ве покануваме во петок на 20.09.2019 со почеток од 11:30 часот во паркот Ибни Пајко, заедно да учествуваме во овој настан!

Скопје Дише - Утопија или реалност?

Патоказ за намалување на локалното загадување на воздухот предизвикано од греењето на домаќинствата 2017-2025