Испитувања – Животна Средина

Покрај мониторингот кој дава континуирани разултати од испитувањата, Градот спроведува индикативни испитување на воздухот, бучавата и нејонизирачкото зрачење, во рамки на поединечни проекти. Резултатите од овие проекти се користат во управувањето со медиумите и областите на животната средина.

Во областа ВОДИ, достапни се елаборатите за заштитните зони на изворот Рашче и бунарите Нерези Лепене, како и новиот ажуриран елаборат за бунарите Нерези – Лепенец, потоа во делот на испитување на алтернативни извори на вода за пиење, дадени се резултатите од првите две години на испитување на Кадина Река и изворот Врело на Матка, во делот на површинските води се презентирани проектите за идентификација на индустриските испусти во река Вардар, дефинирање на депониските и индустриските загадувачи на реките Лепенец, Треска и Вардар и за мониторирање на реките со дронови термални камери, а во делот на подземните води се достапни; Регистарот на бунари, Физибилити студијата за заштита на подземните води во општините Гази баба, Петровец, Илинден , Арачиново и Зелениково, кофинансирана од Центарот за развој на Скопски плански регион и во делот на техничките води  Физибилити студијата за користење техничка вода за полевање на јавното зеленило и миење на јавните површини

Во областа ВОЗДУХ, БУЧАВА и НЕЈОНИЗИРАЧКО ЗРАЧЕЊЕ се претставени: Елаборатот за ниво на бучава, нејонизирачко зрачење и квалитет на воздух, прва фаза, Елаборат за бучава и квалитет на воздух во зимска сезона, втора фаза, Оперативна програма за намалување на загадувањето на воздухот со ПМ10, Елаборат за испитување на загадувањето на воздухот од согорување на дрвото, Елаборат за испитување на загадувањето на воздухот од сообраќајот, Извештај за концентрации на ПМ10 и персонална диспозиција.

Воздух и Бучава

Води