Градот Скопје и оваа година, традиционално ја реализира манифестацијата Европска недела на мобилност, која ќе се одржи од 16-ти до 22-ри септември.
Европската недела на мобилност е европска иницијатива која ги поттикнува градовите да воведат и промовираат одржливи транспортни мерки и да ги заинтересираат луѓето да ги испробаат алтернативите за транспорт и мобилност низ градовите.
Оваа година Европската недела на мобилност се организира на тема „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.
Денес градовите повеќе не се во можност да го поднесат огромниот метеж од возила кои секојдневно ги заглавуваат улиците и ја загадуваат животната средина.
Затоа, преку овогодинешната кампања се поттикнуваат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење на јавниот транспорт.
Целта на Европската недела на мобилност не е само придржување на еден одржлив концепт на живеење, туку е можност сите да бидат пример кон својата заедница и да ја поттикнат заедницата да направи исчекор кон користење на одржлив транспорт.
Во текот на седумдневното спроведување на Европската недела на мобилност секој еколошки освестен граѓанин, а пред се секој што сака да размислува за своето здравје и исвојата иднина, ќе може да најде интересен настан на кој ќе може да се придружи.
Оваа година Град Скопје ја реализира ЕНМ во соработка со Македонски зелен центар, а наши партнери, како и претходните години, се Канцеларијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Повелете, сите се добродојдени!
Програма
Период на реализација на активностите: 16.09.2019 до 22.09.2019
ЕКОЛОШКИ ЧАС
ОУ „Вера Јоциќ“ Општина Гази Баба
09:00 -10:30
Инфо ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користење на одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и пешачењето.
Организатор: Македонски зелен центар, Општина Гази Баба, Град Скопје
БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ
АСУЦ, Автосообраќаен училишен центар „Боро Петрушевски“
09:00-12:00
- 09:00-09.30 Презентација: Активности на Град Скопје за зголемување на безбедноста во сообраќајот – Град Скопје
- 09:45-10:30 Промоција на флаер: Учество на глувонеми лица во сообраќајот и нивната безбедност – ученици од АСУЦ и од ДУЦОР Партение Зографски, училиште за деца со нарушен слух
- 11:00-12:00 Вешто возење со велосипеди, безбедност во возењето, почитување на сигнализацијата – ученици на АСУЦ и ДУЦОР
Организатор: АСУЦ, Град Скопје
ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕНМ 2019
Градски парк
12:00 – 12:30
Традиционално, на првиот ден од ЕНМ градоначалникот на Град Скопје потпишува повелба за пристап кон ЕНМ, со што истата официјално започнува. Во присуство на претставници на сите сектори на Град Скопје, јавни претпријатија, установи и невладини организации, повелбата ќе ја потпише претседателот на Советот на Град Скопје Проф.д-р.Љубица Јанчева.
Организатор: Град Скопје
BIKE & LEARN ЧЕТВРТА КОНФЕРЕНЦИЈА
„Мудрување под сенка“ и Co&Work Hub
Градски парк
12:30-16:00
Локација бр.1 – (ул.Кукушка 4а) 12:30 – 13:35
- 12:20 – 12:30 – Пристигнување на учесниците
- 12:30-13:15 – Презентирање на резултатите од прашалниците за електрични тротинети, спроведени во скопските средни училишта (Никола Карев, Георги Димитров, Орце Николов, Здравко Цветковски, Раде Јовчевски – Корчагин, Јосип Броз – Тито, АСУЦ Боро Петрушевски)
- 13:15-13:35 – Дибрифинг на импресиите, извлекување заклучоци и разговор на тема “Електрични тротинети, еколошки предности и секојдневни предизвици”
Локација бр.2 – (Градски парк) 13:45 – 15:00
- 13:45-15:00 – ЕУ недела на мобилност 2019
Локација бр.3 – (АБЦ) 15:15-16:30 - 15:15 – 16:30 – Дискусија за настаните кои следуваат во текот на седмицата
Цел на конференцијата е:
– Информирање и дискусија со средношколците и студентите за безбедноста за возење велосипед, тротинет и пешачење,
– Критилни размислувања и предлози за регулирање на новиот сообраќаен феномен „електричен тротинет“,
– Поттикнување на мобилноста на младите во градот со алтернативните превозни средства и пешачење.
Организатор: Македонски зелен центар и Go Green
ЗВУЦИ НА ЧАРШИЈАТА
Старата скопска чаршија, плоштад Скендербег, Камен мост, Скопска тврдина, плато пред Универзитет Југоисточна Европа
14:00
Во старото градско јадро на Скопската Чаршија во периодот 16.-18.09.2019 ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес, да се врати некогашниот ритам на живот, кога пешачењето и велосипедот биле начини на движење. Тоа е мултимедијална и мултикултурна манифестација која треба да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.
- 14:00 – Плоштад Скендербег, Литературни дела на писателите со наслов “Старата Скопска Чаршија во делата од литературните творци”
- 18:00 – Камениот Мост, Изложба на фотографии на Старата Скопска Чаршија од Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров
- 17:00 – Плоштад Скендербег, КУД “ИЛИРИДА“ Скопје, КУД „Студио Фолклор“ Скопје, КУД „Шамикуќет“ Урошевац, КУД “Јени Јол“ Скопје
- 18:00 – Платото пред Универзитет на Југо Источна Европа, БРАССТЕТ – Скопје
- 19:00 – Плоштад Скендербег, Емин Салихи – Бенд (Солисти : Хана Палоши ,Филонид Алиу,Доника Домазети)
- 19:00 КИЦ – Скopje , Изложба З.У.К. СИЛИНДАРТ, 16.09 – 18.09 2019
- 20:00 – Плоштад Скендербег, Солистички изведба на гитаристот Артан Кастрати на свои компонирани композиции
- 21:00 – Плоштад Скендербег, Балетска изведба “DREAM”
- 21:20 – Плоштад Скендербег, Кода Бенд
- 22:00 – Паркот на Скопското Кале, Кино под отворено небо, на филмот “Враќање“
Организатор: Град Скопје, КИЦ
ZOO WALK – ЗАБАВА ВО ПРИРОДА
Зоолошка градина
10:00-13:00
Организирана пешачка тура до и низ Скопската Зоолошка градина со ученици од 4 одделение од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ и ОУ „Коле Неделковски, Општина Центар. Децата ќе се дружат со животните и ќе имаат едукативен час за придобивките од пешачењето, меѓу кои и поврзувањето со животната средина и природата.
Организатор: Македонски зелен центар, Општина Центар, Град Скопје
ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ
Плато пред фонтаната Лотус
10:00-14:00
Детскиот културен центар Карпош традиционално, по петти пат, ја организира оваа манифестација, чија цел е да се потсетиме на времето кога вежбањето беше забавно. Манифестацијата е од забавно рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст, кај кои треба да се развие љубовта кон движењето и пешачењето. На настанот ќе се рекреираат и дружат деца од сите детски градинки во Скопје.
Организатор: ДКЦ Карпош
ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА ПОДОБРА МОБИЛНОСТ
Голема сала на Советот на Град Скопје
12:00-14:00
Ќе се одржи трибина за активностите на Град Скопје кои придонесуваат за подобра мобилност во градот, при што ќе бидат презентирани:
- Акцискиот план за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021,
- Активностите на Град Скопје за зголемување на безбедноста во сообраќајот,
- Проектот за заштита на пешаците со дополнително осветлување на пешачките премини,
- Проектот за поставување тастери на семафорите на крстосниците во градот.
Организатор: Град Скопје
ГЕРИЛА АКЦИЈА
Булеварите во градот
15:30-16:30
Волонтери ќе се постават на главните булевари и крстосници со големи пароли и пораки за користење на велосипеди, одржлив транспорт и пешачење. Пораките треба да допрат до возачите („Кога последен пат сте се возеле со автобус?“, „Вози велосипед, оди пеш, за да бидеш свеж“и сл)
Организатор: Македонски зелен центар
ЗВУЦИ НА ЧАРШИЈАТА
Камен мост, плато пред Универзитет Југоисточна Европа
20:00
Во старото градско јадро на Скопската Чаршија во периодот 16.-18.09.2019 ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес, да се врати некогашниот ритам на живот, кога пешачењето и велосипедот биле начини на движење. Тоа е мултимедијална и мултикултурна манифестација која треба да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.
- 20:00 – Платото пред Универзитет на Југо Источна Европа, Деструкција Ритам на Исмет Рамиќевиќ и музика од Сецко Хаџич
- 21:00 – КОНЦЕРТ / Камениот Мост, плоштад Филип Втори
- DJ ЕLЕКТRОN
- ТАМАРА ТОДЕВСКА
Организатор: Град Скопје, КИЦ
ОДРЖЛИВА ТУРИСТИЧКА ТУРА
Споменик на природата Матка
08:30-13:00
Промовирање на комбиниран превоз и лесна достапност до рекреативните центри (автобус, пешачење, возење со чамец).
Агенда:
- 08:30-08:40 – Собирање на групата на автобуската постојка бр.279 кај поликлиниката „Букурешт“ и поаѓање со автобус бр.60 кон Матка
- 09:40 – Пристигнување на Матка
- 10:00-11:00 – Посета на Изложбениот центар ХЕЦ Матка
- 11:00-11:45 – Прошетка до црквата Св.Андреа и возење со чамец низ кањонот на река Треска
- 12:00-13:00 – Освежување во кафе бар Фреш
- 13:05 – Враќање со автобус во градот
Учесници: ученици ос СУГС Никола Карев
Организатор: Македонски зелен центар и Град Скопје
ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ
Технички кампус
10:00-13:00
- Саем на електрични возила и едукативен час 10:00-12:00
Презентација на електрични возила достапни во РСМ, возила во сопственост на разни институции и во сопственост на Град Скопје, како пример на добра пракса, возила за услужна дејност, едукација на учесниците, пригодни флаери и сл. - Јавна трибина: „Како до зголемена електромобилност?“ 11:30-13:00
На трибината со панел дискусии ќе земат збор релевантни учесници кои ќе зборуват на темата на електромобилност и ќе се презентираат политиките на Град Скопје во оваа област.
Организатор: Електромобилност Скопје и Град Скопје
СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Абтобусите на ЈСП Скопје
15:30-16:30
Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.
Организатор: Македонски зелен центар
УРБАН ДИЗАЈН НА ГРАДОВИ: ИНКЛУЗИВНА МОБИЛНОСТ
Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност
Call Work Hub
19:00-21:00
TEDxSkopjeSalon настан каде ќе се дискутира на темата како може да имаме град кој ќе поттикне инклузивна мобилност, еднаква за сите негови жители и како до подобро планирање на градовите или трансформација на истите. Ќе се дискутира и за предизвиците со кои лицата со попреченост секојдневно се соочуваат при движење во градот.
Организатор: Македонски зелен центар и Смарт Ап – Лабораторија за социјални иновации
ЗВУЦИ НА ЧАРШИЈАТА
Камен мост, плоштад Филип Втори
21:00
Во старото градско јадро на Скопската Чаршија во периодот 16.-18.09.2019 ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес, да се врати некогашниот ритам на живот, кога пешачењето и велосипедот биле начини на движење. Тоа е мултимедијална и мултикултурна манифестација која треба да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска Чаршија.
- 21:00 – КОНЦЕРТ / / Камениот Мост, плоштад Филип Втори
- DJ PITTI
- КАНИТА СУМА
- ЛИНДОН БЕРИША
- ЕЛВАНА ЏАТА
Организатор: Град Скопје, КИЦ
СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Абтобусите на ЈСП Скопје
07:30-08:30
Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.
Организатор: Македонски зелен центар
ЕКОЛОШКИ ЧАС
ОУ „Браќа Миладиновци“ Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ Општина Кисела Вода
08:30 -11:30
Инфо ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користење на одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и пешачењето.
Организатор: Македонски зелен центар
НА ГРАДОВИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ
Простории на ЗЕЛС – Заедница на единиците на локална самоуправа
13:00-15:00
Работилница со учество на преставници на 5 најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.
Организатор: ЗЕЛС, Град Скопје
УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ – КОЈ, КАКО, КОГА, ДАЛИ,….?
Хотел Континентал
10:30-14:00
Републичкиот совет организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:
- Обраќања на претседателот на РСБП, градоначалникот на Град Скопје и Министерот за внатрешни работи
- Теми: Учество во сообраќајот со електричен тротинет-алтернатива или закана, Придобивки и предизвици од користење на електричен тротинет како превозно средство, Одредби од законот за возила и нивна поврзаност со електричниот тротинет и Светски искуства, позитивна пракса и законски решенија за учество во сообраќајот со електричен тротинет.
- заклучоци
Организатор: РСБС, Македонски зелен центар, Град Скопје
ВЕЛО ФИЕСТА
Ул.„Димитрие Чуповски“, главната сообраќајница во центарот на градот
18:00-22:00
Град Скопје ќе ја затвори улицата за сообраќај во периодот 18:00-23:00 часот и ќе организира дружење на граѓаните со прикладни содржини: поставување маси и клупи, освежување, детски реквизити, забава.
Во периодот 18:00-20:00 часот се предвидува забава и рекреација на најмладите, а во периодот 20:00-22:00 часот забава и дружење за повозрасните.
Организатор: Македонски зелен центар, Град Скопје
НА ПРОШЕТКА ОДАМ ЧЕСТО ЗАШТО ЗДРАВЈЕТО МИ Е НА ПРВО МЕСТО
Кеј на река Вардар во Општина Аеродром
09:00-10:30
Деца од предучилишна возраст од детските градинки Калинка (клон) и Срничка ќе пешачат по кејот на река Вардар, од хотел Порта до хотел Дабл Три (Double Tree by Hilton), при што ќе вежбаат и ќе се едуцираат за бенефитите од пешачењето.
Организатор: Општина Аеродром
SUMP AMBASADORS
09:00-11:00
Скајп конференција на градоначалниците/членовите на кабинетот, за претставување на агендите на ЕНМ 2019 на пет градови, учесници во ЕНМ, како и за разменување на искуствата на оние градови кои имаат План за одржлив транспорт.
Организатор: ГИЗ
CAR FREE DAY
Велосипедско дефиле
11:30-13:00
Традиционално велосипедско и пешачко дефиле по затворени улици во градот, во фолжина од 4,7км. Започнува од новиот парк Ибни Пајко, продолжува по бул.Гоце Делчев, бул.ВМРО, бул.Партизански одреди, бул.8 Септември, бул.Илинден и завршува во Градски парк, бина Школка. Како и секоја година ќе се делат награди на учесниците на дефилето (велосипеди и вело мобилијар).
Организатор: Град Скопје, Македонски зелен центар, ЕУ Канцеларија, МЖСПП, Цементарница ТИТАН, Црвен крст, МВР
ГЕРИЛА АКЦИЈА
Булеварите во градот
15:30-16:30
Волонтери ќе делат летоци за користење на алтернативен начин на превоз на учесниците во сообраќајот и бенефитите од таков вид превоз.
Организатор: Македонски зелен центар
ВЕЛО РОДЕО
Градски парк
11:00-14:15
Преку препознатливата мрежа на училишта наречена „Вело училишта“, се организира овој настан со осмислена програма: поставување на велосипедски полигон за деца со 15 вежби, квизови со тема екологија и велосипедизам, социјални игри, вело меморија и многу други., како музички точки и забава.
На самиот настан ќе бидат реализирани следните активности:
- Вело полигон (бавна трка, баланс, безбедност, вештини, сигнализација, контрола, тргнување итн.)
- Едукативни игри:
– Вело меморија
– Не лути се човече ( во реална големина)
– Еко квиз
– Сложувалка - Работилница за поправка на велосипед
- Креативна работилница
- „Чисто како дома исто“ кампања на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија
- Други изненадување за најмладите.
Настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици кои имаат желба да возат велосипед, како и активно и едукативно забавуваат. На тој начин, учениците ќе ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед.
Организатор: Еко Логик, Канцеларија на ЕУ, Град Скопје
PUMP TRUCK PARK ЗА ОНИЕ ШТО ЗНААТ
Новиот Памп трак парк пред Олимпискиот базен на бул.Кочо Рацин
18:00-19:30
Забавна содржина за граѓаните и љубителите на адреналинско рекреирање со велосипеди, скејт борди и ролери. Целовечерна забаба со настап на обучени бајкери.
Организатор: Град Скопје, Македонски зелен центар и Прв до врв
BIKE4CLIMATE (Да бидеме генерации што ќе ја сочуваат иднината)
Градски парк
19:00-21:30
Потребно е да размислуваме како да го прилагодиме секторот транспорт на екстремните временски услови и во исто време да влијаеме на ублажување на климатските промени преку фаворизирање на форми на транспорт со низок јаглероден отпечаток, како на пример повеќе велосипедски и пешачки зони во градот со функционално зеленило со цел олеснување на движењето во услови на високи температури, автопати за велосипеди кои ќе ги поврзуваат градовите и сл.
Во рамки на Неделата на климатски промени, предвидено е собирање на Градскиот плоштад, возење со точак покрај Владата и доаѓање до бината Школка во Градски парк, каде е организирано кино под отворено небо и проекција на филм за климатските промени. Секој велосипед носи соодветна порака.
Организатор: Македонски зелен центар, Еко свест и ЦНВП
ДА ГО РАЗМРДАМЕ КАЛЕ
Подножие на Скопската тврдина и околните улици во центарот на градот
- Вело Експо 10:00-13:00
- Вело Пикник 10:00 – 11:00
- Традиционална трка на Велосипедска федерација 11:00-13:00
Учесниците на целодневниот настан ќе пристигнат на велосипед или пешки.Ќе биде организарана промоција на индустрии поврзани со велокултурата (продавници, сервиси, тури, клубови, водичи, групи), како и изложба на велосипеди олдтајмери. Настанот ќе бид придружен со музичка и сценска програма.
Во првиот дел од настанот ќе возат деца и аматери, а во вториот ќе се натпреваруваат професионални велисипедисти.
Организатор: Македонски зелен центар, Прв до врв, Македонска велосипедска федерација, Црвен крст, Град Скопје.
16.09. – 22.09.2019
Вирална кампања #WalkWithUs
За промоција на Европската недела на Мобилност, иницираме акција на социјалните мрежи „Пешачи со нас”. За да учествувате во акцијата, треба да споделите фотографија или видео како пешачите или пак како се возите со вашето омилено превозно средство (велосипед, тротинет, автобус) на сопствениот профил, и да го означите вашиот пријател со цел да го направи истото!
Под фотографијата напишете го следното: #пешачисонас. Вашиот профил мора да биде јавен односно public за да може да ја видиме фотографијата.
Акцијата трае до 21.09.2019 (сабота). Крајното време за собирање на лајкови е 20:00 часот!
Наградата за фотографијата со најмногу лајкови е електричен тротинет – Xiaomi Mi Electric Scooter.
Наградата ќе биде доделена на финалната церемонија, односно во недела [22.09.2019] во 11:30 часот под Скопската Тврдина – Кале.
Акцијата е промовирана преку фејсбук и инстаграм, каде што под еден заеднички хаштаг ќе може да се погледнат сите фотографии за поддршка на Европската Недела на Мобилност 2019 г. и за промоција на одржливиот транспорт.
Во случај да се користат било какви алатки за собирање онлајн гласови, фотографијата / учесникот автоматски ќе биде дисквалификуван. Строго е забрането да се користат алатки како што се ботови, автоматски генератори на лајкови и сл.
Ги очекуваме вашите објави.