Под покровителство и организација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во просториите на МАНУ, на 1 октомври 2019 година се одржа тркалезна маса на тема „Здравјето во нашите урбани политики – колку се здрави нашите градови“. Целта на тркалезната маса беше пред се да ги собере на едно место креаторите на политиките во различни сектори на централно и на локално ниво, урбанистичките планери и архитектите, здравствените професионалци, универзитетската заедница и невладините организации. Дисксуијата беше насочена кон можностите за размена на мислења во однос на најновите научни истражувања во областа на урбаните политки, здравјето на населнието, заштита на животната средина и смалување на социјалните нееднаквости.