Site icon Град Скопје – Заштита на животната средина

Заштита на природата

Територијата на градот Скопје со околината изобилува со богата биолошка разновидност. Сплетот од различни географски, геоморфолошки и климатски карактеристики е причина за диференцирање на поголем број хабитати и заедници, кои од своја страна нудат услови за развој на преку 2000 видови од царствата на габите, растенијата и животните. Меѓутоа, вековното антропогенио влијание на овие простори придонело за намалување на бројот на автохтоните видови. На подрачјето на Скпоскиот регион регистрирани се 12 подрачја или објекти, заштитени како природно наследство.

Име на подрачје / објект Заштитна Група Површина (ha) Година на заштита
1. Водно (*)(**) ПППК 1,953.00 1970 г.
2. Кожле ПППК 85.00 1987 г.
3. Ручица ОРЖВ 1,785.00 1969 г.
4. Катлановско блато (**) ОРЖВ 70.00 1965 г.
5. Скопска Тврдина (Кале) СП 0.67 1987 г.
6. Катлановски предел (**) СП 5,442.00 1991 г.
7. Острово (**) СП 13.00 1976 г.
8. Арборетум (**) СП 3.3 1965 г.
9. Кањон Матка (*)(**) СП 5.442.80 1994 г.
10. Гази Баба (*) КП 102,44 1998 г.
11. Јасен СПР 25 304.92 1958 г.
12. Пештера Дона Дука (**)

(*) – локалотети во надлежност на Град Скопје, (**) – локалитети заштитени со одлуки на Град Скопје.

Градот Скопје редовно, на годишно ниво одвојува средства предвидени со Буџетот на Град Скопје за заштита и уредување на заштитените локалитети.

Градот Скопје има изготвено студии за валоризација на нови подрачја и објекти, доставени со предлог за заштита до Министерството за животна средина и просторно планирање:

– планинскиот масив Жеден,
– Скопска Црна Гора,
– Заштитен еколошки коридор Водно – Сарај – Матка,
– пештерите на Матка.

Ревалоризација на заштитени локалитети

Планината Водно до средината на 20-иот век била голина и секој дожд преставувал опасност за граѓаните на Скопје, кога со организирани акции е озеленета.

Трим патека на Гази Баба, каде редовно се одржуваат спортски активности.

Валоризација на нови локалитети

Exit mobile version