На почетокот, во едукативниот центар на ЗОО, учесниците на настанот, ученици од СУГС Орце Николов и корисници на ПОРАКА – Центар за лица со интелектуална попреченост, имаа прилика да го погледат кусиот документарен филм Тивки пријатели, посветен на дрвата и шумите во нашето опкружување, нивната долговечност и нивното значење за генерации на луѓето.
Министерството за животна средина одржа краток еко – час на тема Вредноста на биодиверзитетот. Презентација за природните богатства, видовите животни и растенија, беше одржана од страна на Биљана Стевановска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на европското законодавството во областа на заштита на природата“, односно промовирање на „Натура 2000“ што ги почитува и сака да ги заштити на ниво на Европа сите можни видови на растенија и животни.
Вториот дел од настанот беше поддржан од организацијата Cities4Forests – Градовите за шумите, која работи на глобално ниво за подигање на свеста за значењето на шумите и нивната поврзаност со благосостојбата на луѓето во урбаните средини.
Градот Скопје како активен член доби средства за набавка на високо квалитетни садници. Учесниците засадија вкупно 77 садници, и тоа: 31 листопадна, 5 високи четинари и 41 нискорастечки четинари. Стручниот надзор над хортикултурното уредување на просторот и подготовката на локалитетот го изврши ЈП Паркови и зеленило.