Site icon Град Скопје – Заштита на животната средина

Скопје Дише – Утопија или Реалност

Скопје Дише – Утопија или Реалност

macedonia-pollution-skopje-010
Скопје е еден од градовите во Европа со највисокo ниво на загадување на воздухот. Загревањето на домаќинствата во Скопје е најголемиот извор на загадувањето на воздухот, со најмалку 30% од вкупните емисии на токсични честички.
Загадувањето на воздухот носи ризици по здравјето на сите граѓани на Скопје, но најмногу ги погодува ранливите категории – лицата со хронични заболувања, децата и највозрасните.

предизвик

Преземањето итни акции за намалување на загадувањето е од најголема важност. Успешноста на политиките и мерките кои се креираат за намалување на загадувањето на воздухот зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен од кои ќе се согледа фактичката состојба. Но, анкетите спроведени претходно за начините на греење во Скопје не овозможуваат соодветни анализи и креирање на политики на микро ниво.

активности

Скопје дише е прво сеопфатно истражување за начините на греење на толку голем број на испитаници што е спроведено во Скопје. Опфатени се 5,044 домаќинства во сите 17 урбани и рурални општини во Скопската котлина. Овој примерок е репрезентативен и овозможува анализи на податоците на ниво на општина, или дури и населба. Истражувањето се реализираше во Јануари 2017 година, од страна на професионални анкетари со користење на мобилната алатка Placeformer. Оваа иновативна алатка овозможува собирање на податоци од голема група на граѓани во краток временски период и географски означени информации кои можат да се користат за дизајнирање на политики и мерки на локално и микро ниво (дури и на ниво на населби), но и на регионално и национално ниво.

резултати

  • Во поглед на термичките карактеристики на објектите, дури 50,8% од објектите немаат никаква изолација, 42% имаат термичка изолација помала од пропишаната со Правилникот за нови објекти во 2013 година, а само 7,2% имаат изолација според прописите.
  • Висината на почетната инвестиција е најважниот критериум според кој испитаниците одбираат како ќе го загреваат својот дом
  • 40% од испитаниците изјавиле дека одлуката за начинот на греење зависи од месечните трошоци.
  • Само 1% од испитаниците ја носат нивната одлука врз база на тоа колку тој начин на греење загадува. Сепак, ако трошоците за греење се исти, сите испитаници би одбрале систем што помалку загадува.
  • Една третина од испитаниците изјавиле дека има домаќинства во нивното соседство кои користат дополнително опасни материјали за греење. Ова појава се забележува подеднакво и во урбаните и во руралните области.
  • Жителите на општините кои не се поврзани на системите за централно греење имаат тенденција на користење биомаса, пластика и други отровни материјали (јоргани, гумени чизми и др.) за греење. Оваа пракса е особено опасна, бидејќи го загадува и амбиенталниот воздух но и воздухот во просториите каде се живее, и предизвикува тешки респираторни заболувања.
Домаќинства кои се греат на: Проценти Број на одговори од анкетираните домаќинства Проценет вкупен број на домаќинства
огревно дрво 44,7 2.257 73.220
електрична енергија 31,1 1.567 50.835
централно греење 21,2 1.070 34.712
пелети и брикети 1,5 78 2.530
нафта за ложење 1 44 1.427
Јаглен 0,4 22 714
друго цврсто гориво 0,1 6 195
5.044 163.633[1]

[1] Вкупен број на домаќинства во Скопскиот регион (сите 17 општини) според пописот на население во 2002 година. Извор: Завод за статистика, www.stat.gov.mk

Калкулатор за греење

За најлесен избор на нова технологија за греење, на најекономски начин, но имајќи ги во предвид и ефектите врз животната средина

Прегледај

како понатаму

Поставивме амбициозна цел  „Скопје дише“:

Значително намалување на емисиите на загадувачки супстанци од загревањето на домаќинствата во Скопската котлина како најголем локален загадувач на воздухот, или намалување на емисиите на:

  • PM10 и PM2,5 за 62%;
  • CO и SOx за 50% и 54%, соодветно;
  • NOx за 22%

Оваа цел може да се постигне со соодветно координирана имплементација на следните три мерки во периодот од 2017 до 2025 година:

  • Промена на постојните печки на огревно дрво, јаглен и нафта со:
    поефикасни печки на огревно дрво
    печки на пелети
    топлотни пумпи (вклучувајќи инвертер клима уреди)
    Централен систем за греење на природен гас
  • Примена на мерки за енергетска ефикасност на домовите
  • Зголемување на бројот на корисници на системите на централно греење
Опис: Цел до 2020 Цел до 2025
Урбани населби Рурални населби Урбани населби Рурални населби
Број на домаќинства опфатени со една од мерките 55,8% 22,2% 81,3% 42%
–   ќе ги исполнуваат најстрогите критериуми за енергетски ефикасен објект 8960 2660 15600 4290
–   ќе користат поефикасни печки на огревно дрво 9000 3100 20400 6770
–   ќе користат печки на пелети 6630 790 7280 1460
–   ќе користат топлотни пумпи 8140 2770 16280 5390
–   ќе користат печки на природен гас 930 280 2700 450
–   зголемен процент на користење на системот за централно греење 3000 / 10000 /

Имаш идеја за подобрување на отпорноста во Скопје?

Exit mobile version