Отстранување на азбест
Денешните светски студии укажуваат на 3.000 различни видови на комерцијални производи кои содржат азбест како следните:
- градежни материјали од цемент со азбест
- азбестно –цементни цевки
- производи за подови
- електрични инсталации
- суровини за амбалажи
- суровини за производство на хартија
- суровини за производство на пластика
- суровини за изградба на кровови
- суровини за текстил отпорен на топлина
- декоративни облоги
- топлотна изолација на цевки и котли
- облоги за сопирачки, куплунзи и дихтунзи.
Покрај наведените позитивни, азбестот поседува и бројни негативни својства од кои најопасно е негативното влијание врз здравјето на луѓето.
Согледувајќи ги последиците од употребата на азбестот многу држави, пред се оние кои се сметаат за индустриски, го забранија производството на азбестот и неговата примена.
Употребата на производи со било кој тип на азбест е целосно забранета во земјите од Европската Унија од 2005 година па наваму.
предизвик
Материјалите кои содржат азбест се разединуваат на азбестни влакна во случај на шмирглање, сечење, брусење или при нивно одржување или отстранување. Повеќето влакна движејки се низ воздухот се таложат во дишните патишта, и ако се поголеми се чистат со нормалните физиолошки процеси, а помалите влакна се поопасни и истите може да се наталожат длабоко во белите дробови или да се пренесат до другите органи. Азбестот се нарекува и “прикриен убиец“ затоа што латентниот период од изложувањето до настанување на болеста ( најчесто ракот ) е долг период од 15 до 50 години.
активности
- спроведена анкета кај граѓаните и институциите за застапеност на азбестот,
- изготвена Методологија за постапување со азбест,
- изготвен Извештај за анализи на применетиот азбест како градежен материјал на подрачјето на град Скопје,
- изготвена Фиибилити студија за определување на активностите, потребните финансиски средства и динамиката на реализација на кампањата за отстранување на азбестот,
- изготвена Студија за оценка на влијанието врз животната средина при демонтажа/уривање на градежните материјали кои содржат азбестни компоненти во град Скопје, одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
- изготвана Студија за оценка на влијанието врз животната средина при транспорт и депонирање на градежниот отпад кој содржи азбестни компоненти во град Скопје, одобрена од Министерството за животна средина и просторно планирање,
- подготвена локација за депонирање на отпадот од азбест на депонијата Дрисла,
- изработена предмер – пресметка за отстранување на азбестните кровни покривачи на објектите на сите средни училишта (во надлежност на Град Скопје), нивно депонирање, реконструкција на кровните конструкции (по потреба) и поставување на нови покриви,
- реализирање на замената на азбестот на ктововите во средните училишта, во текот на летните месеци кога не се одржува настава, според сите прописи, во текот на повеќе фази.
резултати
Год. |
Објект |
Површина |
Средства |
|
1. |
2011 |
СУГС Георги Димитров СУГС Раде Јовчевски Корчагин СУГС Арсение Јовков |
5.455 м2 |
20.076.547,37ден |
2. |
2012 |
СУГС Владо Тасевски СУГС 8-ми Септември |
5.420м2 |
15.732.829,00ден |
3. |
2013 |
СУГС Јосип Броз Тито СУГС Цветан Димов |
6.874м2 |
20.726.157,00ден |
4. |
2014 |
СУГС Михајло Пупин ЈУУДГС Здравко Цветковски |
7.080м2 |
15.666.689,00ден |
5. |
2015 |
СУГС Здравко Цветковски |
10.299м2 |
15.000.000,00ден |
2011-2015 вкупно: |
35.128 м2 |
87.202.222,37ден |