Епикуро – Европско партнерство за иновативни градови во поглед на урбана отпорностEPICURO – European Partnership for Innovative Cities within an Urban Resilience Outlook
предизвик
Градовите се ранливи заради големата концентрација на население и изградени објекти на еден помал простор. Но, градовите се и многу зависни од својата инфраструктура: транспортниот систем, комуникациските системи, дистрибуцијата на вода и енергија, системите за одведување на отпадните води и собирањето на отпадот. Концентрацијата на луѓе и добра во градовите и нивната зависност од овие инфраструктурни системи, ги прават градовите ранливи.
Во Градот Скопје живее 1/3 од населението во Република Македонија, а напливот на население од регионот и пошироко создава многу големи дневни миграции. Ова предизвикува проблеми во опстојувањето на градот како систем, новите потреби на населението тешко се задоволуваат, а функционирањето е отежнато. Градот во своите ресурси е ограничен и вложува големи усилби за справување со бројните проблеми, што го потврди пресметаниот еколошки отисок, кој е крајно неповолен.
После спроведување на проектот за урбана отпорност, во соработка со УНДП, во текот на четири години, проектот EPICURO беше добредојден како продолжување на активностите за зголемување на отпорноста.
активности
Преку нашата официјална Facebook страница EPICURODGECHO можете да се информирате за напредокот на проектот, да се интересирате за отпорноста и еластичноста, за конференциите за ризикот од непогоди и многу повеќе.
Досегашни активности:
- Мапирање на добри практики и нивно споделување меѓу учесниците,
- Изработка на локални свот анализи, како основи за развој на локалните стратегиски планови за прилагодување,
- Формирање на стратегиски тимови за урбана отпорност во градовите учесници,
- Тематски работилници со учество на претставници на Град Скопје,
- Три локални работилниц во Град Скопје со локални експерти и присуство на странски експерт.
Презентации од работилници
резултати
Проектот придонесува за:
- Зголемување на професионалноста на тимовите за цивилна заштита,
- Активно вклучување на креаторите на политиките и лицата задолжени за донесување одлуки во развојот на локалните активности, кои можат да ја подобрат урбаната отпорност и еластичност,
- Подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на отпорноста и еластичноста и за нивниот придонес за поотпорни и поеластични градови.
Конкретни активности на Град Скопје, во сферата на заштита од климатските промени и справување со урбаните топлотни острови:
- Реализирање на пилот проект за заштита од климатските промени на конкретна локација во градот, за што активностите се во тек,
- Изработка на локална стратегија за справување со урбаните топлотни острови за Град Скопје.