Site icon Град Скопје – Заштита на животната средина

Ова се условите за субвенции за инвертери во Град Скопје

Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, наскоро ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување. На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.

Имено, сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик  од 01.03.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување  е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:

Право на учество:

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

*Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање  надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

Услови за учество:

При разгледување на барањата за субвенционирање, предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:

Објавување на јавниот повик

 Финансирање на Програмата

Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Exit mobile version