Site icon Град Скопје – Заштита на животната средина

Над 4100 граѓани аплицираа во Град Скопје за Субвенции за велосипеди во 2019 година

Денеска се затвори вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, кој беше објавен на 26.06.2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барањата за субвенции за велосипеди од утре (16.07.2019 година) вторник, нема да се примаат во архивата на Град Скопје.

Во првиот јавен повик беа пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед, додека со вториот пристигнаа над 670 барања.

Exit mobile version